Сподели

Со повеќе симболични и пригодни активности денеска во Делчево беше одбележан Светскиот ден на детето.

Во одбележувањето се приклучи и градоначалникот на оптина Делчево Иван Гоцевски кој упати и своја порака во јавноста по повод овој значаен ден.

“Детски насмеани лица, многу песнички и вредни детски цртежи и изработки ме пречекаа денеска во детската градинка „Весели цветови“ со пoрака дека секое дете заслужува среќнo детство и топол дом.

На денот кога го одбележуваме Светскиот ден на детето ги посетив дечињата од детската градинка и сакам да испратам јавна порака до сите чинители во општеството- да се почитуваат правата на децата.

Децата имаат законски права, а ние возрасните- обврска да се грижиме за најмладите, да создаваме услови тие да имаат безгрижно и среќно детство, да ги учиме да сонуваат, но да ги учиме и на вредности и морални начела кои ќе ги водат низ животот и ќе ги изградат вредни граѓани и самоуверени личности.

Како одговорен човек и градоначалник, сакам да истакнам дека посветено ќе работиме за подобрување на условите во детската градинка, но и ги финишираме работите во новата градинка, таа „час поскоро“ да ги отвори вратите за дечињата со што инвестираме во раниот детски развој и згрижување на сите дечиња од Делчево. Планираме инвестиции во училиштата, да изградиме и повеќе детски игралишта и зелени површини, но и со разни мерки, ќе помагаме на младите семејства. Тоа е нашата инвестиција во иднината.

За правата на децата не треба само да зборуваме на овој ден, туку треба и да дејствуваме, бидејќи децата се нашето најголемо богатство, тие се нашата иднина.

Затоа ги повикувам сите родители, наставници, институции, граѓани, да продолжиме заеднички да градиме средина во која секое дете ќе се чувствува вредно и заштитено.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски.