ноември 4, 2026

Граѓаните на Делчево ги избраа приоритетните проект за реализација за наредната 2026 година во рамки на овогодинешниот Буџетски форум

bugetski_forum2_4_3 (2)
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

По одржаната втора работилница за креирање на Буџетските приоритети на граѓаните на општина Делчево, денеска беше изгласана приоритетната листа на проекти за реализација од страна на општина Делчево за наредната 2026 година.

Како најприоритетен проект кој што беше изгласан со вкупно 12 гласови од работните маси на Буџетскиот форум е проектот за Отпочнување со работа и целосно опремување на Младински центар во општина Делчево.

Овој проект беше посочуван за реализација во изминатите години, но поради серија на причини истиот не беше реализиран во целост.

Во продолжение ја пренесуваме листата на најприоритетни проекти за реализација за наредната 2026 година која граѓаните на општина Длечево ја изгласаа во рамки на овој Буџетски форум.

Реализацијата на овогодинешнот Буџетски форум следува по неодамнешните локални избори и изборот на Иван Гоцевски за градоначалник на Делчево во чија што предизборна програма беше потенцирано зголеменото ниво на соработка со граѓаните и транспарентно и јавно донесување на одлуки за работа на локалните институции.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Спроведувањето на Буџетскиот форум во општина Делчево е пракса која се реализира со години наназад, но досега недостигаше забележлива реализација на изгласаните приоритети кои што граѓаните ги афирмираа преку оваа демократска алатка за спроведување на локални политики.

Дали актуелниот градоначалник на Длечево Иван Гоцевски ќе обезбеди поефикасна реализација на изгласаните приоритети од страна на граѓаните во периодот кој следи, останува да видиме во претстојниот период, што е сигурно еден од клучните фактори за враќање на довербата на граѓаните кон локалните институции.

За авторот на оваа објава