ноември 4, 2026

Најава за спектакуларен концерт на Ансмбл “Македонија” во Спомен домот АСНОМ во Делчево

ansambl_makedonija1_resize
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Уште еден спектакуларен настан во низа на Националната установа центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” од Делчево ќе биде причина за подолгорочен сценски впечаток кај делчевската публика.

Целовечерниот концерт на Ансамблот “Македонија” во концертната сала во Спомен домот АСНОМ во Делчево со сигурност претставува настан за кој долго ќе се раскажува помеѓу љубителите на Македонскиот фолклор, традиција, песни и ора во Делчево. Овој спектакуларен музичко-сценски настан во среда вечер доаѓа по серијата на успешни настани кои што во низа ги реализира НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во изминатите неколку месеци, на огромно задоволство на големиот број на посетители на овие настани кој што тренд ќе продолжи и во наредниот период според најавите на менаџментот на оваа културна установа.

Настанот е закажан да започне во 19.00 часот а влезот за истиот е слободен

“АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА ВО ДЕЛЧЕВО! 🎶

Драги пријатели од Делчево,

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Со огромно задоволство Ве покануваме на целовечерен концерт на Универзитетскиот Ансамбл „Македонија“, под слоганот:

✨ АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА СО ВАС! ✨

Ве очекува вечер исполнета со песна, игра и ритам — вистински празник на македонската традиција и култура! 🇲🇰

📍 Место: Сала Спомен Дом АСНОМ Делчево
📅 Датум: 29.10.2025
🕖 Време: 19:00 часот
🎟️ Влез: Слободен!”

-напишаа од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево

За авторот на оваа објава