Сподели

27.10.2025 година, Мултифункционален Центар н Општина Делчево во Спомен Дом АСНОМ, Делчево.

Се одржа прва конститутивна седница на новоизбраниот Совет на Општина Делчево
Седницата ја отвори највозрасниот избран Советник во новиот општински Совет Горан Димитровски, кој што ги образложи законските основи за одржувањето на Седницата. Потоа беше избрана Верификациона комисија од членовите на Советот, која што имаше за улога да ја утврди законитоста на Мандатите на Советниците.

Откако Верификационата комисија се состана и изврши увид во наопходната документација и ги утврди сите законски предуслови дека се изполнети, од страна на Претседателот на Верификационата комисија беа потврдени мандатите на новите советници во Советот на Општина Делчево.

Во новиот општински совет

-ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” има 10 советнички мандати,
-СДСМ и Коалицијата имаат 3 советнички мандати,
-Левица има 1 советнички мандат и
-Движењето ЗНАМ 1 советнички мандат.

Откако беа прочитани имињата на сите 15 советници тие дадоа своја лична заклетва дека ќе ја исполнуваат својата функција согласно Уставот и законите на нашата држава,
По конституирањето на новиот совет, се премина на единствената точка од денешниот дневен ред- избор на нов Претседател на Советот на општина Делчево.

По отворената дискусија од страна ма Претседавачот со седницата Горан Димитровски, Игор Гошевски од СДСМ го предложи Горан Димитровски за претседател на Советот, по што следуваше предлог на Советниот од Левица кој го предложи Исусе Десподовски како негов личен предлог за претседател на Советот. Советничката Адријана И. Велковски го предложи советникот Николчо Стојменовски за претседател на Советот како предлог на ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата.

По заклучената дискусија се пристапи на гласање каде што со 11 гласови ЗА и 4 воздржани беше избран Николчо Стојменовски за нов Претседател на Советот на Општина Делчево.

По изборот Д‑р Стојменовски се обрати пред советниците и јавноста при што во својот говор ја истакна оптределбата дека ќе биде Претседател на сите советници и дека ќе работи во интерес на сите граѓани на Делчево.

https://www.facebook.com/share/p/1BS5629Auk