Најава за одбележување на Меѓународниот ден на младите во Делчево
Во организација на Локалниот младински совет од Делчево со креативно дружење младите од Делчево ќе го одбележат Меѓународниот ден на младите
“Ајде сите заедно да ги поддржиме нашите млади!
Денес е Меѓународен ден на младите!
Овој Меѓународен ден на младите го славиме со она што најмногу нè поврзува – музика, дружење и добра енергија!
Ве очекуваме на една опуштена летна вечер под отворено небо, со гитарите, омилените песни и многу моменти за паметење. Понесете ги и вашите инструменти – секој акорд е добредојден!
Соберете го друштвото, понесете го доброто расположение и да создадеме вечер што ќе звучи по наше.
Градски Парк Делчево
12.08.2026 во 20.00 часот
Ајде заедно да го отсвириме летото!”
-стои во сооптението упатено до јавноста од страна на општина Делчево.
