Сподели

На ден 03.11.2025 Среда по повод „Меѓународниот ден на лицата со попреченост “Ликовното студио и ателје „Љубомир Белогаски“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево, раководено од  „Стручниот соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура“ Александар Белогаски во соработка со ООУ„Климент Охридски, ООУ „Ванчо Прче“ и СОУ „М.М.Брицо“ од Делчево ќе го реализира проектот „Ликовна работилница заедно со Дневниот центар за лицата со посебни потреби“ од Делчево.  

Проектот е изготвен од идеа до реализација од „Стручниот соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура“ Александар Белогаски при што е финансиран од Министерството за култура на РСМ во рамките на годишната програма за проекти од национален интерес на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево.

Ликовната работилница ќе се реализира во просториите на “Ликовното студио и ателје „Љубомир Белогаски“. На проектот ќе учествуваат 7 лица од ателјето  и 10 лица од „Дневниот центар за лицата со посебни потреби“ од  Делчево. На ликовната работилница ќе се работи со техниката акрил на платно каде е предвидено децата од ателјето и лицата од Дневниот центар да си помагаат и соработуваат меѓусебно и да ги разменат нивните искуства во полето на уметноста, цртањето и сликањето. За нашиот портал Александар Белогаски изјави дека по завршувањето на ликовната работилница делата ќе бидат донирани на „Дневниот центар за лицата со посебни потреби“ од Делчево каде ќе бидат изложени во нивните простории како што беше и во досегашна пракса од претходните работилници од предходниот период.

Овој проект се реализира традиционално во рамки на Програмата на Министерството за култура со години наназад, што говори за значењето на истиот за локалната заедница во Делчево.