Најава за  детскиот фестивал „Ѕвезда Делчево“- атрактивен локален музички производ кој има огромен потенцијал за развој

682716459_122122511913163274_8473845402981175377_n
Сподели

Наредната среда на 13 Мај во Делчево ќе се случува еден преубав музички феномен кој повеќе години наназад му недостига на нашиот град и општина.

 Детскиот фестивал „Ѕвезда Делчево“ ќе биде одлична можност на сцената во Спомен домот АСНОМ во Делчево да блеснат новите музички ѕвезди кои што напорно работеа во изминатиот период на создавање на една преубава музичка разгледница која ќе го збогати културно-забавниот живот во Делчево за најмладите и повозрасните генерации кои ќе имаат можност преку песна да се дружат на овој заеднички настан.

Терминот од 19.30 часот за фестивалот веќе е распродаден и затоа организаторите најавија и втор концерт кој што ќе се одржи истиот ден во 17.30 часот.

Ваквиот интерес за овој музички настан говори за големата потреба која што му недостигаше на нашиот град Делчево за квалитетни културни манифестации и настани.

“Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од овој магичен настан исполнет со музика, детски насмевки и незаборавни моменти!”

-најавија оргаизаторите преку социјалните мрежи за овој настан.

За авторот на оваа објава

Најнови објави