После долги години безредие и урбан хаос, во Делчево почна да се рушат дивоградби и времени објекти стари по 30–40 години

divogradbi_02
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

По спроведување на сите претходни подготовки, неопходни со закон, општинските служби во општина Делчево започнаа со реализација на законските ингеренции за отстранување на нелегални градежни објекти кои што во градот Делчево се застапени долги години наназад.

Ваквите градежни објекти во огромна мера му штатат на нормалниот развој на Делчево затоа што покрај тоа што вршат дејности во несоодветни услови, ја спречуваат имплементацијата на урбанистичките планови и останата програмска документација за соодветно и законски дефинирано постапување на локалната самоуправа.

Во центалното градско подрачје во Делчево веќе се видливи резултаите од постапувањето на надлежните служби кои во соработка со деловните субјекти успеаа со опомени да отстранат повеќе диво изградени објекти што пречат на проектираниот развој на јавна инфраструктура во центарот на градот.

Од Кабинетот на градоначалникот информираат дека оваа постапка ќе продолжи да се спроведува.

Притоа од општина Делчево апелираат имателите на вакви диви објекти доброволно да ги отстранат истите за да не бидат изложени на огромни материјални трошоци кои согласно закон можат да бидат наплатени од сопствениците на овие нелегални објекти.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Ваква пракса во работењето на Општина Делчево е непозната за изминатите 2 децении поради што локалната урбана мафија профитира врз грбот на лојалните граѓани притоа остварувајки незаконски огромни профите и неплаќање на потребните давачки кон општината и државата, што како пракса мора да се сузбие.

За авторот на оваа објава