Најава за историски час на СОУ “М.М.Брицо” Делчево по повод 150 годишнината од Разловечкото востание
По повод јубилејот 150 години од кревањето на Разловечкото востение СОУ “Методи Митевски Брицо” Делчево организира отворен историски час за своите ученици но и за целокупната јавност.
Под мотото “Разловечко востание- првата македонска искра за слобода” училиштето во Делчево организира Квиз на знаење како и конкурс за есеј на тема “Разловечко востание”.
Настанот на кој што ќе има и подготвено и видео презентазија за Разловечккото востание ќе се одржи на 14 мај, 2026 година со почеток во 11.30 часот во просториите на училиштето.
Овој настан се организира во рамки на повеќедневната манифестација за одбележување на големиот јубилеј од 150 години од Разловечкото востание која што ја спроведува општина Делчево во соработка со голем број на институции, здруженија и поединци
Настанот е отворен за посета на соте заинтересирани граѓани
