ноември 4, 2026

Нов асфалт на критична делница на патот Делчево-Пехчево за побезбеден сообраќај на граѓаните

DSC_0014_resize
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Денеска на увид на градежите работи кои што се реализураат на делница од регионалниот пат Делчево-Пехчево кај селото Стамер беа директорот на подружницата на ЈП “Македонија Пат” Пачемски и градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски.

Во изјава за медиумите директорот Пачемски истакна дека станува збор повеќе градежни операции кои се реализираат на критична делница во должина од 1300 метри во целосен износ од околу 15 милиони денари на излезот од Делчево кон Пехчево. Овие активности се реализираа во рамки на програмата на ЈПДП за инвестиционо одржување на регионални патишта за 2026 година а во предвидените градежни активности станува збор за гребење на постоен оштетен асфалт, прилагодување на подлогата и асфалтирање со асфалтен слој БНХС во дебелина од 5 cm.

Директорот Пачемски нагласи дека согласдно можностите реххабилитацијата на овој патен правец ќе продолжи и во наредниот период на дополнителни делници, поради постоењето на видни оштетувања.

Градежните работи според директорот Пачемски се очекува да завршат за два дена до четврток по што ќе следува фаза за имплементација на сообраќајна сигнализација на самиот пат.

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски на лице место упати благодарност на Јавното претпријатие “Државни патишта” и директорот Коце Трајановски како и на екипите на ЈП “Македонија пат” за посветената работа.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Јас како градоначалник можам да се заблагодарам јавно на Македонската влада на нашиот Премиер секако на ЈПДП и Коце Трајановски- Директорот на ЈПДП, што како и минатата година и оваа година продолжуваат да инвестираат во инфраструктура за подобрување на безбедноста на сообраќајот на општина Делчево. Како што знаете минатата година беа инвестирани 48 милиони денари токму во патна инфраструктура на територија на општина Делчево со што се изгради патот кон село Габрово и првиот дел од оваа делница која што денес продолжува да се реконструира. Сега се инвестираат 15 милиони денари средства кои се наменети за подобрување на патната инфраструктура не само за делчевци туку за сите наши сограѓани кои патуваат во овој дел од државата и секако за подобрување на безбедноста на овој критичен дел.

-рече во својата изјава за медиумите градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски.

Во Делчево во овој период се реализираат повеќе инфраструктурни проекти како што се Регулација на реката Брегалница низводно во централното градско подрачје, реконструкција на ул. Индустриска како и неколку други помали улици.

За авторот на оваа објава