Сподели

Како дел од неговата програма за максимално отворање на општинската администрација кон јавноста и граѓаните на Делчево, Градоначалникот Иван Гоцевски денеска приреди еден убав настан во градоначалничкиот кабинет. Денеска градоначалничкиот кабинет беше исполнет со детски џагор, љубопитни погледи, многу прашања и одговори.

Уиченици од Основното општинско училиште “Св. Климент Охридски” од Делчево заедно со нивните наставнички беа во посета на градоначалникот Иван Гоцевски, каде што се запознаа со работењето на општинската самоуправа и работата на градоначалникот.

Дечињата упатија повеќе прашања кон градоначалмникот Гоцевски, но и градоначалникот ги праша дечињата што може да направат возрасните за дечињата да имаат подобар живот, подобри услови за безгрижно детство како и подобри услови во нивното училиште.

Градоначалникот Гоцевски прими повеќе идеи за претстојното новогодишно украсување на Делчево кое што го прави општината во соработка со ЈКП “Брегалница” Делчево кои што вети дека ќе бидат земени во предвид во украсувањетп на градот.