
Од менаџментот на Националната установа Центар за култура “Никола Јонкков Вапцаров” Делчево најавија заживување на работата на градската кино сала во Делчево, која што со години наназад функционираше на скромно незавидно ниво иако е во полна функционална кондиција во смисла на опременост и уреденост.
Во изминатите неколку недели од страна на Центарот за култура во Делчево под чија капа е и градската кино сала, превземаа повеќе активности за реанимација на содржинската понуда на оваа културна институција се со цел за поигање на нивото на филмска понуда на големото кино платно за жителите на Делчево.
По успешните филмски проекции на филмот “Изолација”, филмот “Ах, Љубов моја” и неколкуте проекции на детски филмови оваа среда пред публиката во Делчево ќе биде емитуван филмскиот хит “TE DUA Жими мене” на младиот режисер Марјан Гавриловски а со сценарио на Никола Кузелов.
Во филмот настапуваат живите легенди Игор Џамбазов, Владо Јовановски, Тони Михајловски но приматот во филмот го имаат млади актери за кои што Македонската филмска публика допрва ќе слуша.
Од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево упатија и свое соопштение во јавноста со најава за оваа филмска проекција:
” Секоја среда на кино во Делчево!
НУ Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево почнува една нова иницијатива во рамки на своите програмски определби за заживување на градската кино сала во Делчево.
Некогашната “Соколана” длабоко вградена во јавниот живот во Делчево со децении наназад, денес ги има сите предуслови за да заживее на најубав можен начин. Пријатниот амбиент за публиката со удобните столчиња, големото филмско платно, уредената сцена, современата звучна и видео опрема гарантираат задоволително визуелно доживување за секој посетител на нашите содржини кои почнаа да се реализираат во изминатиот период, а кои што ќе се развиваат во периодот кој претстои.
Оваа среда на 12.11.2025 година публиката во Делчево ќе има можност да го проследи филмското остварување “TE DUA Жими мене” на нашиот режисер Марјан Гавриловски.
Оваа урбаната комедија создадена од сценаристот Никола Кузелов на суптилен комичен и саркастичен начин упатува пораки кои што се присутни во секојдневието на сите нас како општество.
Ѕвездената актерска екипа во која е направен убав спој на повозрасните македонски актери со помлада генерација на актери гарантира незаборавни моменти во киното во Делчево.
Влезот за филмската проекција е закажан за 18.00 часот а билетите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 10.11.2025 година како и на билетарата на киното пред почетокот на филмската проекција”
стои во соопштението упатено во јавност од страна на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево.

