Сподели

Она што почнува навидум како игра на младешки занес, се претвара во комична трагедија!

Филмската проекција на Македонскиот долгометражен филм “Ах, љубов моја” во градското кино во Делчево по проекцијата на филмот “Изолација” и неколку проекции на детски филмови после подолго време од претходно, почна да се наметнува како општествена потреба за афирмација на филмската уметност помеѓу граѓаните на Делчево.

Овој заборавен медиум кој што со години се игнорираше во Делчево, во изминатите неколку месеци покажа дека има сила, има и жестина но и убавина од повеќе аспекти.

Филмот како мотив да се излезе од домот или локалната кафеана за моменталната делчевска публика е нов предизвик, кој што со оглед на растечката посетеност на филмските претстави од страна на граѓаните е и тоа како потреба за делчевчани.

Филмското дело проследено во етерот кој што се емитува на големото филмско платно и задоволителната звучна опрема во градското кино во Делчево не се само мотив да отседиме час и половина во кино столчињата„, потребата од социјализациа, прикажување на кодекс на однесување, меѓусебни односи меѓу луѓето, наметнување на модни трендови и нови естетски вредности… сите тие елементи го прават една филмска проекција нераскинлив дел од една современа и урбана локална заедница со перспектива за развој. Кино претставите како и театарот се огледало на состојбите во едно општество, а судејки по публиката која вчера во кино салата во Делчево го проследи филмот “Ах моја љубов” можеме да кажеме дека помеѓу делчевчани има подготвеност за развој и напредок.

“Ах таа љубов” беше убава прилика делчевската публика да се насмевне, но преку комедијата да им погледне во очи на општествените аномалии кои што се присутни во нашето секојдневие на сатиричен начин, и до што може да доведат в реалниот живот.

Коле Ангеловски со оваа долгометражна комедија на брилијантен начин упатува суптилни пораки како критика на аномалиите кои што му тежнеат на нашето секојдневие.

На тој начин авторот на овој филм заедно со брилијантната актерска екипа прави “истрел кон нешто” за да ја прекине таа традиција на морално човечко пропаѓање.

Филм кој што зборува силно и без компромис на јазик кој што секој го разбира…

А овој народ има толку многу нешта за разбирање!