ЈЛБ “Илинден” Делчево распиша Литературен конкурс на тема 150 години Разловечко востание
По повод 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание Јавната Локална Библиотека “Илинден” Делчево во рамки на Манифестацијата организирана од Општина Делчево преку Комисијата за култура распиша Литературен конкурс во три различни категории на учесници.
ЈЛБ„Илинден“ – Делчево Распишува
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС
На тема: „ 150 години Разловечко востание – Искра за вечна слобода на Македонија“
По повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево ги повикува сите љубители на пишаниот збор да земат учество во литературниот конкурс.
Право на учество имаат:
-Ученици од општинските основните училишта
-Ученици од средното општинско училиште
-Останати граѓани
Категории:
-Поезија
-Проза
Услови:
-Творбите треба да бидат оригинални и необјавени
-Секој ученик може да достави една творба
-Творбите треба да бидат напишани на македонски јазик
-Да се достават со име и презиме, возраст , контакт телефон и категорија
Рок на доставување до 04.05.2026 г.(понеделник)
Начин на доставување:
-Во просториите на ЈЛБ„Илинден“- Делчево
-Кај наставниците по македонски јазик за основците
-Кај професорите по македонски јазик за средношколците
-На e‑mail: m.biblioteka@t.mk
- Награди:
-Ќе бидат доделени награди за прво, второ и трето место во сите категории
-Најдобрите творби ќе бидат јавно прочитани и промовирани на завршниот дел од манифестацијата за одбележување на 150 годишнината од Разловечкото востание на 19 мај во село Разловци.
Да ја одбележиме заедно историјата преку зборот и да ја чуваме искрата на слободата жива!
