Акција за рехабилитација на детските игралишта и јавните површини во Делчево
Млади волонтери заедно со вработени во ЈКП “Брегалница” Делчево ги поправаат, ги бојадисуваат и ги уредуваат детските игралишта и постоечка урбана опрема во градот Делчево.
Во тек е широка акција во која што учествуваат повеќе млади волонтери кои што самоиницијативно се вклучија во акцијата што ја најави Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во рамки на годишниот план на работа на општината.
Рехабилитацијата подразбора и нтервенции на речиси сите детски игралишта и паркови каде што има поставено урбана опшрема а кои што беа запоставени во изминатите години.
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во јавноста преку социјалните мрежи сподели фотографии за претходната состојба на дел од опремата и детските рекцизити, при што упати апел за сите млади луѓе кои што сакаат да се вклучат во оваа акција како волонтери.
“Како што и претходно ветивме месеците Април и Мај ќе бидат месеци за уредување и изградба на детските игралишта и маалски паркови на кои играат нашите деца и рекреираат заедно со нивните родители и баби и дедовци.
Парковите и игралиштата на територија на целата Општина Делчево кои со години беа запоставени и во лоша состојба, со искршени клупи и дотраени реквизити, деновиве добиваат нов лик.
Заедно со волонтери, вработените од ЈКП “Брегалница” Делчево и останатите институции ги враќаме во пристојна и уредена состојба, каква што заслужуваат граѓаните, а најмногу најмладите.
Во продолжение се прикажани фотографии од состојбата во која ги затекнавме парковите, како и од промените што ги реализиравме.
Во изминатиот период, тревните површини се искосени, старите и оштетени клупи ќе се заменуваат со нови, дел од постоечките клупи се реставрирани и обновени, детските игралишта постепено ќе ги санираме со нови и заменети делови на реквизитите.
Со овие активности, целта е повторно да се врати детскиот џагор во парковите и да се обезбеди безбедна и пријатна средина каде децата ќе можат слободно да играат и да уживаат.
Не пропуштајте ја шансата како “ВОЛОНТЕР” да бидеш дел од оваа наша прекрасна приказна за која редовно ќе информираме.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Градоначалник на Делчево
