
Во рамки на неговите политички определби за доближување на услугите на општинската администрација до сите граѓани на општина Делчево, Градоначалникот Иван Гоцевски реализира уште една своја програмска определба за фер, транспарентна и ефикасна распределба на дел од буџетските пари од општинскиот Буџет наменети за граѓанските организации и спортските клубови кои работат на територијата на општина Делчево.
Во Програмата за работа на градоначалникот Гоцевски која што доби најголема доверба на минатогодишните локални избори за првпат во историјата на општина Делчево се предвидуваат минимум 0.2% од Буџетот на општина Делчево за граѓанските организации кои што треба да бидат распределени согласно Стратешките насоки за развој на Општината Делчево, програмските определби на самите организации и интересот на пошироката заедница во Делчево.
За таа цел Општина Делчево денеска ги објави двата јавни повици за доделување финансиска помош во две категории, спорт и граѓански сектор.
Годинава во Буџетот на Општина Делчево за оваа намена се предвидени вкупно 1,5 милиони денари кои ќе бидат транспарентно распределени согласно со јавно објавените критериуми, до спортски здруженија, клубови и сл, но и до граѓански здруженија кои функционираат на територијата на Општина Делчево, а се пријавиле на Јавниот повик. Оваа сума е најголема во споредба со претходното искуство на општина Делчево која со сигурност ќе овозможи застанување на посилни основи на работа на сите граѓански здружанија во Општината Делчево.
Согласно со Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани, право на учество на Повикот имаат сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, а приоритетни области и цели за финансирање проектни и програмски активности се: локален економски развој, техника, образование, култура, уметност, социјална заштита, заштитата на животната средина, еднакви можности и младински политики. Право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации, најмалку 1 година пред објавувањето на повикот и да дејствуваат на територијата на Општина Делчево.
Исто така, право на учество имаат сите спортски клубови и спортски здруженија кои ги исполнуваат условите: да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација; да дејствуваат на територија на Општина Делчево; спортските клубови во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево, како и правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво.
Пријавата заедно со документација се доставува до Aрхивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.
Рокот за пријавување е 15 дена, односно од 16.01.2026 до 30.01.2025 г.
Јавните повици се на следниве линкови
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски ги повикува сите заинтересирани граѓански здруженија и спортски клубови со целиот свој капацитет да се вклиучат во имплементација на своите програмски определби, согласно кои што ќе се пријават на објавените повици за да ја добијат потребната финансиска поддршка за реализација на нивните проекти во интерес на заедницата и сите граѓани на Делчево.
