ноември 5, 2026

Градоначалникот Гоцевски во соработка со граѓанската ииницијатива “Дај не фрлај- подари, Делчево”

594902179_25737535582504964_7720276427550657009_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Куќичката на надежта во Делчево се полни со донации. Откако беше промовирана од страна на Градоначалникот на општина Делчево, оваа куќичка поставена претпразнично на плоштадот во Делчево пополека се претвора во штаб за донации за оние на кои им е потребна било каква поддршка за посреќни и похармонични новогодишни и божиќни празници.

“Граѓанската хуманитарна иницијатива “Дај не фрлај-подари Делчево денес одржа продуктивен состанок со градоначалникот на Општина Делчево, г‑дин Иван Гоцевски, на кој разговаравме за отпочнување на соработка и заеднички хуманитарни активности во интерес на нашите сограѓани.

Нашата иницијатива денес започна со донации во „Куќичката на надежта“, а во наредниот период уште поинтензивно ќе продолжиме со оставање хуманитарни пакети за најпотребните – во пресрет на новогодишните и божиќните празници. 🎁✨

Воедно, упатуваме молба до сите граѓани на Делчево:

Да бидеме хумани и да донираме според можностите. ❤️

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Да ја респектираме приватноста на луѓето кои се во потреба.

Да бидеме чесни и културни во користењето на куќичката.

Да ја зачуваме и одржуваме „Куќичката на надежта“, за да им служи на сите на кои им е потребна.

Заедно можеме повеќе.”

-стои во интегралниот текст на Фејсбук статус објавен на социјалните мрежи од страна на активистите на иницијативата

За авторот на оваа објава