Сподели

Откако во изминатите години речиси и да беше игнориран од претходната локална власт како едно од најзначајните тела на општинската власт, денеска конечно на чело на Локалниот совет за превенција на општина Делчево седна Градоначалникот на општината Иван Гоцевски.

Во мултифункционалниот центар во Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа Конститутивната седница на новиот Локален совет за превенција- Статутарно дело кое што има широки ингеренции на свое делување и интерсекторска поврзаност на институциите на локално ниво во општина Длечево, а со чија работе претседателствува лично Градоначалникот на општината.

Од страна на претставникот од општинската администрација на состанокот беа продискутирани основните начела за работа на Локалниот совет за превенција а покрај верификацијата на новиот состав на советот каде по функција учествуваат претставници на повеќе локални институции во Делчево, беше донесена и одлука за формирање на работна група која што ќе работи на превенција превенција против користење на пиротехнички сретства во претстојниот период.

Во врска со состанокот свое соопштение во јавноста упати градоначалникот Гоцевски преку социјалните мрежи:

“Во својство на претседател на Локалниот Совет за превенција и како градоначалник на Делчево, денес ја обновивме функцијата на Советот со јасна цел, побезбеден град, спречување на несакани појави и континуирана работа за заштита на сите наши граѓани.

Покрај изборот на новиот состав, донесовме и важна одлука за формирање работна група која ќе биде посветена на едукација на младите и на сите граѓани за штетноста од користење пиротехнички средства. Верувам дека само преку навремена едукација и подигање на свеста можеме да го намалиме користењето пиротехника уште од најрана возраст и да поттикнеме одговорно, свесно и безбедно празнување.

Искрено им се заблагодарувам на сите надлежни служби – полицијата, училиштата, здравствените установи, противпожарната служба и другите институции – кои преку своите активности ќе придонесат за побезбедни новогодишни и Божиќни празници. Вашата посветеност е клучна за безбедноста и спокојот на нашите сограѓани.

Продолжуваме заедно да градиме Делчево како безбеден, организиран и одговорен град.”

Една од главните точки во програмата за работа на Градоначалникот Иван Гоцевски е подобрувањето на институционалниот капацитет за превенција и надминување на потенцијални безбедносни ризици од различен аспект, што во наредниот период системски ќе подобруува.