Гоцевски: Стрипот е моќна уметност што раскажува приказни кои долго остануваат во сеќавање
Денеска во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа еден несекојдневен настан кој отвара целосни нови перспективи за развојот на уметноста и креативноста во целост.
Пред повеќе десетици присутни во Спомен домот во Делчево Стрип книжарницата “Бункер” од Скопје како издавач н авторот Бобан Пешев имаа можност да го промовираат стрипот “Беше еднаш на истокот”.
На промоцијата присуствуваше и Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски, заедно со Претседателот на Советот на општина Делчево Николчо Стојменовски како и дел од советниците од делчевскиот совет, заедно со поголем број љубители на стрип-арт културата.
Промоцијата која беше во организација на ЈЛБ “Илинден” Делчево беше модерирана во форма на интервју пред присутните од страна на Директорката на делчевската библиотека Билјана Петровска која на авторот Бобан Пешов му постави повеќе прашања во врска со неговата дејност и генеза за тоа како дојде до создавање на овој стрип кој што забележа огромен успех помеѓу стрип фановите во Италија но и пошироката светска читателска пубика.

“Ми претставуваше посебно задоволство што денеска присуствував на една несекојдневна промоција-промоција на графички роман-стрип од Бобан Пешов, наш иселеник во Италија.
Стрипот е уникатен и омилен меидум и за мене претставува уникатен филм со содржина која испраќа длабоки пораки и следи најразлични ситуации и судбини.
Во ова уникатно дело „Беше еднаш на Истокот“, авторот нè враќа во деведесеттите години на минатиот век, додека една држава се распаѓа, а насекаде никнуваат граници. Во него Бобан нè води во едно чудесно меѓугенерациско патување, помеѓу минатото и сегашноста, Истокот и Западот, различните национални идентитети. Македонија и Италија.
Изразувам благодарност за можноста Делчево да ја има привилегијата за промоција на ова дело кое отвора врата за оваа уметност, бидејќи стрипот одамна не е само забава, туку моќна уметност што раскажува приказни кои долго остануваат во сеќавање”,
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски во врска со овој настан.

“Во рамките на Делчевското културно лето во салата од Спомен-дом АСНОМ, се одржa промоција на графички роман- стрип со наслов „Беше еднаш на истокот“ од авторот Бобан Пешов, виничанец кој живее и работи во Италија. Романот е во издание на „Бункер“ кој веќе постигна голем успех на италијанскиот стрип-пазар.
Во „Беше еднаш на Истокот“, авторот нè враќа во деведесеттите години на минатиот век, додека една држава се распаѓа, а насекаде никнуваат граници. Период во кој полека се појавуваат првите „транзициски херои“, едно семејство од Македонија го бара патот во подобра иднина. Ова е само рамка во која е сместена приказната на графичкиот роман. Во него Бобан нè води во едно чудесно меѓугенерациско патување, помеѓу минатото и сегашноста, Истокот и Западот, различните национални идентитети. Македонија и Италија.
Авторот Бобан Пешов е роден во 1988 година, а во 1996 г се преселува во Италија каде што завршува основно, средно и високо образование. Соработува со познати личности од италијанската уметничка сцена, а во 2025 г. го објавува својот прв самостоен графички роман „Беше еднаш на Истокот“ со кој постигнува голем успех. Првиот тираж е продаден за само неколку денови, а делото доби бројни номинации за награди на најпрестижните стрип-фестивали.
- Стрипот е мојот омилен медиум, совршена алатка за раскажување на една целосна приказна, каде што емоциите се пренесуваат преку синергија помеѓу пишувањето и цртежот. Создавањето книга прави да се чувствувам како режисер, го проучувам секој кадар поединечно за да ја направам сценографијата нитересна, истакна Пешов.
Промоцијата беше во организација на ЈЛБ „Илинден“ и Општина Делчево, а како што истакнаа организаторите: ова не е само промоција на едно ново дело – ова е отворање на едно ново поглавје во културниот живот на нашата библиотека. Стрипот одамна не е само забава, туку моќна уметност што раскажува приказни кои долго остануваат во сеќавање.”
-стои во информацијата која што од општина Делчево ја пренесоа преку социјалните мрежи во врска со овој настан

Од страна на организаторот на денешниот настан ЈЛБ “Илинден” Делчево исто така беше пренесена информација во јавноста за денешниот настан преку социјалните мрежи чиј што текст го пренесуваме интегрално во продолжение:
“ЈЛБ„Илинден“ — Делчево уште еднаш покажува дека во неа сите форми на уметноста можат да најдат свој дом. За прв пат во нашиот град се промовира графички роман(стрип), а при тоа присуствуваат и гости од Италија, на овој навистина значаен културен момент. Денеска отвараме едно ново поглавје во културниот живот во Делчево.Го промовираме стрипот „Беше еднаш на истокот“ кој преку зборови и цртежи раскажува приказни кои долго остануваат во срцето.
Голема чест ни е што денеска со нас беше и авторот на стрипот Бобан Пешов.Негово дело инспирирано од вистинска животна приказна за иселеништвото, семејството, надежта и враќањето кон сопствените корени. Стрипот е издаден од издавачката куќа „Бункер“, и чест ни е што денеска со нас беше и Владимир Битољану од „Бункер“
Кој е Бобан Пешов? Роден во Македонија, Трсино во 1988 .Во 1996 година како дете, се иселува во Италија каде завршува основно,средно образование и ги завршува студиите по архитектура во Торино.Создава стрипови, карикатури и сатирични илистрации кои брзо привлекуваат публика на социјалните мрежи.
Во 2025 година го објавува стрипот „Беше еднаш на Истокот“ и за кратко време станува едно од најзабележителните стрип-изданија во Италија. Добива бројни номинации за нагрди на најпрестижните италијански стрип фестивали. Од име на ЈЛБ„Илинден“- Делчево сакам да упатам благодарност и до Ванчо Новоселски советник за образование во општина Делчево, кој е нашата„врска“ со авторот и иницијатор на оваа промоција.
Стрипот од понеделник ќе биде достапен до сите наши читатели. На авторот ми посакуваме многу успех со овој стрип и му посакуваме уште многу нови напишани страници.”
-стои во соопштението на ЈЛБ “Илинден” Делчево за денешната промоција на стрипот “Беше еднаш на истококт” од Бобан Пешов.
