ноември 4, 2026

Високата делегација од Италија во посета на славното и гордо село Разловци

767364161_1654034230055755_7548196613529218146_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во рамките на 31 Голачки фолклорни средби при официјална посета на Општина Делчево, делегации и градоначалници од италијанските општини Новело, Родино и Монфорте Д’алба предводени од градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски, го посетија Спомен-домот на Разловечкото востание во с. Разловци.

Гостите беа пречекани од директорот на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, Златко Начовски, кој ги запозна со историското и културното значење на Спомен-домот, како и со трајната вредност на Разловечкото востание – прв организиран обид за ослободување во македонската историја, кое претставува темел на слободарската традиција на македонскиот народ.

Истотака беше посетена и црквата Цар Константин и царица Елена во с. Разловци.

Преку оваа посета, високите гости имаа можност непосредно да се запознаат со богатото културно-историско наследство на Делчево и Пијанечкиот регион, при што беше истакната важноста од негувањето на историската меморија, културната размена и продлабочувањето на пријателските односи и меѓународната соработка меѓу локалните заедници.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава