Делчевските гимназијалци масовно со војската и полицијата маршираа по врвиците на востаниците во чест на Разловечкото востание
Ученици од делчевската гимнација СОУ “Методи Митевски Брицо” Делчево заедно со припадниците на пешадискиот баталјон на АРМ, припадници на МВР, членови на планинарскиот клуб “Голак” како и останати планинарски друштва и клубови маршираа по врвиците на востаниците кон селото Разловци по повод 150 годишнината од кравањето на Разловечкото востание.

“Околу 300-тина учесници поминаа планинарски марш во должина од околу 8 километри на релација атар на село Тработивиште-Брана Лошана-село Разловци носејки го со себе Знамето на Разловечкото востание.
По повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание, ученици од нашето училиште учествуваа во свечениот марш „По врвиците на востаниците“, кој се одвиваше од месноста Ружини Цреши над с. Тработивиште, преку брана Лошана, до с. Разловци во должина од 9 километри. ![]()
![]()
Со гордост и достоинствено чекорење, нашите ученици дадоа свој придонес во одбележувањето на овој значаен историски јубилеј, оддавајќи почит на храброста и жртвата на востаниците”
-напишаа од СОУ “М.М.Брицо” Делчево по повод учеството на нивните ученици во планинарскиот марш.
Маршот започна во раните утрински часови а некаде пред 11 часот учесниците на маршот пристигнаа во центаро на селото Разловци каде припадници на гардискиот батаљон на АРМ го здиплија и го предадоа знамето на градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски во присуство на Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски кој потоа знамето го предаде за положување во Спомен домот на Разловечккото востание каде ќе стои засекогаш.


Целата галерија од настанот на 19 мај во село Разловци е достапна во продолжение
