Средба на Градоначалникот Гоцевски со Рок Шарлохар од Словенија по потекло од Делчево
Во рамки на неговата работна посета на Словенија Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски покрај многуте други средби и настани денеска се сретна со Рок Шарлохар- поранешниот ремрезентативец на Република Македонија во хокеј на мраз кој што е по потекло од Делчево а живее и работи во Словенија.
Во меѓусебниот подолг разговор и дружењње со овој наш успешен спортист, Градоначалникот успеал да размени повеќе идеи и иницијативи за меѓусебна соработка, преку кои овој врвен спортист може да помогне во напорите на општината и Градоначалникот за раџвој на локалната заедница.
“Денес остварив една навистина убава и драга средба со уште еден наш ДЕЛЧЕВЕЦ – Рок Шарлохар (Rok Šarlohar).
Рок по потекло е од Делчево, а во минатото беше и репрезентативец на Република Македонија во хокеј на мраз. Денес својата спортска приказна успешно ја продолжува во Република Словенија, каде што е претседател и активен играч на актуелниот шампион во хокеј на ролери, HK Dolenjeski Toplice.
Ваквите средби се потсетник дека од нашето Делчево потекнуваат луѓе со големи способности, посветеност и успеси, луѓе со кои навистина треба да се гордееме. ![]()
![]()
Рок, ти посакувам уште многу успеси на спортски и на личен план!
Горди сме на нашите ДЕЛЧЕВЦИ, каде и да се! ![]()
![]()
#Делчево#Делчевци#Гордост#Спорт#Хокеј”
-напиша на социјалните мрежи градоначлникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со оваа средба.
