Започна освојувањето на патеката на Калчовица во Делчево: Над 50 тркачи се натпреваруваат за престижните награди
Утрово точно во 08.00 часот започна трката на патеката Калчовица која што е една од двете трки на кои што ќе се натпреваруваат тркачи на планината Голак.
Трката која што беше промовитрана како “Калчовица трејл” е во вкупна должина од 33 километри со совладување на надморска висина од 1537 метри висиннска разлика и е потешката патека за вистински професионалци која бара претходно силни подготовки за нејзино совладување.
За оваа трка се натпреваруваат 53 натпреварувачи а резултатите од нивното постигнато време може да ги следиме во живо на сл. линк тука.
Втората патека “Голак Трејл” е во должина од 13 километри и е полесна за совладување а истата започнува во 09.00 часот..
Во рамки на денешниот настан организаторите имаат предвидено и детска трка која ќе започне во 10.30 часот
Еве како изглефдаше стартот на “Калчовица Трејл” утинава во 08.00 часот
