ноември 5, 2026

За првпат во историјата на постоењето на Делчево на современ и организиран начин се става крај на сообраќајниот метеж и проблеми

studija1
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Пред неколку денови беше избрана компанијата која треба да изработи “сообраќајна студија со идеен сообраќаен проект и анализа за воведување на зонско паркирање на подрачјето на град Делчево”.

Овој документ претставува најважна документациска основа за организирање на јавниот сообраќај во градот Делчево што пак претставува темелна подлога за целокупниот развој на Делчево за наредните минимум 20 години, кој што се донесува за првпат од историјата на постоењето на Делчево.

Како таков процесот за донесувањето на овој суштински (стратешки и технички) доку,мент кој што претставува база за работењето на ЕЛС Делчево е на некој начин од историско значење за идниот развој на градот Делчево во секој негов сегмент.

На почеток на оваа анализа ќе напоменеме дека оваа студија и техничка документација има за цел да создаде документациски ресурс за подобрување на сообраќајните услови во градот Делчево со крајна цел подобар квалитет на живот за сите граѓани во Делчево, на високо-организиран институционален начин кој има за цел да им служи на сите институции а пред се на сите граѓани,

-информираат за нашиот портал од ЕЛС Делчево во врска со целите за донесувањето на овој документ.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Според техничката документација и проектната задача врз основа на која треба да биде изработена студијата станува збор за сеопфатен документ конципиран според најсовремени научни (теориски) и практични знаења и искуства, според кои Делчево треба да се нареди во редот на најсовремени регионални и европски градови според условите за реализација на јавниот живот и сообраќајни услови.

Фирмата со која Општина Делчево потпиша Договор за реализација на јавната набавка во период од 1 година има за цел да спроведе темелно студиско истражување во чии рамки е потребно да се согледа, утврди и дефинира следново:

  • Развој и унапредување на системот за паркирање во функција на општо прифатени сообраќајни политики на градот.
  • Просторот и временското траење на истражувањето;
  • Карактеристиките (детерминанти) на паркирањето во постоечките организациски услови на одбрани локации (причина, времетраење, концентрација и обрт на паркирање);
  • Мислење на корисниците за квалитетот на постоечкиот систем и идните правци за развој и унапредување;
  • Постоечки обем и ниво на квалитет на ситемот за паркирање;
  • Цели и барања на заинтересираните групи за системот за паркирање (органи на единицата на локална самоуправа, претпријатија кои управуваат со паркирањето и корисници);
  • Модел на оптимална организација на системот за паркирање;
  • Режим на паркирање со припадни зони;
  • Тарифен систем и систем за наплата;
  • Можности за зголемување на бројот на паркинг места во централната зона на системот, техничко-регулативни  мерки и изградба и уредување на нови паркинг простори;
  • Потреба од изградба на катни гаражи, нивна просторна разместеност и динамика на изградба;
  • Потреба од обезбедување на паркиралишта за велосипеди; и
  • Развој и унапредување на системот за паркирање во функција на општо прифатени сообраќајни политики на градот.

Според техничката спецификација дадена во јавната набавка вака наведените правци се ориентациони и не се ограничувачки доколку се наложи потреба и од дополнителни согледувања.

Сообраќајната студија е неопходно да ги утврди основните карактеристики за паркирањето на паркиралиштата во градот Делчево.

Исто така, потребно е да се утврди просторната и временската дистрибуција на возилата во зависност од причината за патувањето, како и прифатливата дистанца за пешачење на корисниците на паркиралиштата спрема градските услови. За да се дојде до тие податоци, покрај снимањето на терен, потребно ќе биде да се направи и анкета на корисниците на паркиралиштата над репрезентативен примерок.

Овој сериозен стратешки проект кој што е еден од најзначајните за развојот на општина Делчево во годините што доаѓаат се реализира согласно определбите и политиките на градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски кој што врз основа на детална и темелна анализа заедно со неговиот тим ја утврдија потребата за донесувањето на оваа студија секако на најтранспарентен и инклузивен начин.

Предрасуди и стереотипи базирани на незнаење и општествена ретроградност

По објавувањето на веста дека општина Делчево потпишала договор за изработка на Студија со идеен сообраќаен проект и анализа за воведување на зонско паркирање на подрачјето на град Делчево, поединци но и квази медиуми се обидоа ваквата силна определба на Градоначалникот Гоцевски за воведување на ред и научно дефинирани правила а реализација на сообраќајот во Делчево да ја земат на потсмев и да ја претстават во негативен контекст целата постапка.

Тезата дека во Делчево нема луѓе а градоначалникот ќе воведува зонско паркирање е крајно шпекулативна, манипулативна и ретроградна пласирана од поединци кои што според начинот на коментирање на истата се гледа дека ниту се запознаени за што станува збор во врска со самата студија, ниту мислат добро на жителите на Делчево кои имаат насушна потреба од решавање на сообраќајниот метеж кој претставува секојдневно нарушување на квалитето на живот на сите граѓани.

Во студијата планирано е да има посебно поглавје за анализа на можноста за воведување на платено зонскло паркирање, единствено поради причина за сузбување на сообраќајниот метеж на централните улици и булевари во Делчево кои врз основа на досегашна нерегулација се препуштени на самоволие на поединци кои го блогираат квалитетот и брзината на сообраќај низ централното градско подрачје.

За авторот на оваа објава