ноември 3, 2026

Во петок Делчево ќе биде домаќин на можеби најзначајниот хор во светот, хорот Св. Злата Мегленска од Скопје

hor_sv_zlata_meglenska (2)
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Пошироката делчевска публика во петок 22 мај 2026 година може да биде сведок на еден монументален настан за паметење.

Пред делчевската публика ќе настапи светски прославениот хор на црковно византиско пеење “Св. Злата Мегленска” од Скопје.

Концертот кој што е во организација на општина Делчево а во соработка со делчевско-каменичката епархија се реализира во рамки на чествувањето на 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј- Патрони и зашштитници на Делчево

Настанот ќе започне со свечена академија на која ќе се обратат Претседателот на Советот на Општина Длечево Николчо Стоименовски, Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски и г. Марко- Епископ на делчевско каменичката епархија.

Потоа од страна на претседателот н Советот на општина Длечево ќе бидат доделени Признанија за хуманост и општествена одговорност на граѓани на Делчево и организации.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Потоа следува концертот на прославениот хор под диригентство на Летка Димовска-Полизова.

Во продолжение проследете дел од неодамнешниот настан на хорот “Св. Злата Мегленска” во соборниот храм “Св. Климент Охрдски” во Скопје

Хорот „Св. Злата Мегленска“ е основан во 1996 година при Македонската православна црква, со благослов на митрополитот полошко-кумановски г. Кирил. Хорот е составен од 19 женски вокали,

Основач, раководител и диригент на хорот е Летка Димовска-Полизова.

Во април 1999 година, хорот „Св. Злата Мегленска“ го снимил истоимениот музички албум со 12 композиции. Албумот, чиј продуцент е Светлана Марковиќ, бил издаден од дискографската куќа „Aura Records“, а бил снимен во Музејот на современата уметност во Скопје. Покрај настапите во Македонија, хорот настапил и во Британија, Белгија, Германија, Франција, Италија, Грција, Австралија, САД, Хрватска, Полска и други земји. На 7 август 2015 година, хорот настапил на 55. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Овој настан во Делчево е од огромно значење како за Делчево така и за сите љубители на овој особено сензуален вид на музика и вокално пеење, што го чини редок пример на културна вредност во досегашното постоење на општина Делчево.

За авторот на оваа објава