ноември 4, 2026

Во Делчево рачно ќе се коси трева, градоначалникот е еден од натпреварувачите

Screenshot 2026-07-22 183612_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Подзаборавената традиција која своевремено значела егзистенција за многу семејства во Пијанец, добива нова димензија на воскреснување и афирмација.

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски покрена инцијатива за одржување на натпревар во рачно косење на трева на стар традиционален начин преку кој на новите генерации на најубав начин ќе им биде овозможено да се запознаат со традицијата на претците на овој народ на просторот на Пијанец, која што овозможувала, егзистенција на цели семејства обезбедена си труд и работа.

Иницијативата потекнала од разговор на градоначалникот со еден од иселениците од Делчево кој што долги години живее и работи во Швајцарија каде што самиот тој ја афирмира традицијата на рачно косење на трева која што ја научил од неговиот дедо и татко кои потекнуваат од село Град, помеѓу неговите пријатели и соседи во Швајцарија.

Сега на еден симболичен начин оваа традиција на рачно косење трева која што Марјан Маџовски ја практикува во Швајцарија заедно со градоначалникот Гоцевски ќе ја вратат на еден симболичен начин дома во нејзината изворна средина

“Со особено задоволство ве поканувам да бидете дел од првиот натпревар во косење трева со рачна коса, кој по моја иницијатива ќе се одржи на 4 август во Делчево.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Идејата за овој настан се роди по мојата посета на Швајцарија, каде што имав чест да се дружам со нашите иселеници, а особено со Марјан Маџовски, кој со својата љубов кон традицијата, трудољубивоста и косењето ме потсети на моите детски денови, кога и самиот учев да косам со рачна коса. Токму тие спомени и желбата да ги зачуваме старите вредности беа мотив да го организираме овој натпревар.

Не сакаме ова да биде само натпревар, туку вистински празник на традицијата, дружењето и македонскиот дух. Затоа ги повикувам не само граѓаните на Делчево, туку и сите љубители на традицијата од соседните општини и од цела Македонија да се пријават и да ги покажат своите вештини.

Верувам дека заедно ќе создадеме настан кој ќе прерасне во убава традиција, препознатлива за Делчево, и ќе биде можност да ги пренесеме старите вештини и вредности на помладите генерации.

Најдобриот косач ќе биде награден со рачна коса, а сите учесници ќе бидат дел од едно незаборавно дружење исполнето со спортски дух, почит кон традицијата и меѓусебно пријателство.

Ве очекуваме на 4 август во Делчево! Пријавете се до 31 јули во Општина Делчево или кај лицето за контакт Кирчо Анастасов на 079 329 300.

Да ја чуваме традицијата, да ги негуваме старите вредности и заедно да создадеме нова делчевска традиција.”

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Градоначалник на општина Длечево споделувајки кратко видео на социјалните мрежи во кое се гледа како тој и Mарјан во Швајцарија косат трева, снимено пред неколку недели за време на работната посета на Градоначалникот Гоцевски на Швајцарија.

За авторот на оваа објава