ТППЕ Делчево на висина на задачата се справуваа со последиците од невремето
Екипите на ТППЕ Делчево под команда на командирот Сашко Поповски успешно се справуваа со поселдеиците од невремето кое го зафати Дечево во повеќе населени места како и во градот Делчево.
Беа преземени повеќе активности во насока на санирање на кровови на јавни институцои, уредување на јавни повшини, отстранување на обрушени дрва итн.
“По силното невреме што го зафати Делчево, хуманите припадници на ТППЕ со употреба на сите свои ресурси и пожртвуваност координирани со сите релевантни институции, Градоначалникот Иван Гоцевски, Командирот Сашко Поповски со брза реакција излегоа на терен во средување на последиците, давајќи значаен придонес во справувањето со настанатата состојба.
Брзата реакција и несебичната посветеност уште еднаш ја потврдија спремноста на Противпожарната Единица да биде со граѓаните во моменти кога е потребна помош.”
-напишаа од ТППЕ Делчево на социјалните мрежи во врска со овие нивни активности.




