Сподели

Утре е денот што сите дечиња, но и нивните семејства го чекаме цела година.
Дедо Мраз ќе пристигне на плоштадот во Делчево точно напладне за да ги подели новогодишните пакетчиња на присутните дечиња, со многу забава, музика, песнички и дружба,
Програмата започнува во претпладневните часови а ќе трае до доцна попладне, кога атмосферата кај новогодишната елка и куќичките од новогодишниот базар ќе ја загрее маестралниот DJ ALADAGLY.