ноември 4, 2026

Зелениот фонд во Делчево се збогатува со нови високостеблести декоративни дрвца

599691225_1446217204169770_1511196392729089485_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Општествено одговорна компанија донираше поголем број на садници од украсни високостеблести растенија (Туја) за засадување на зелени површини во градот Делчево.

Приемот на донираните растенија беше извршен во кругот на ЈКП “Брегалница” Делчево од каде што ќе се трансферираат до потребните локации каде ќе бидат засадени.

Ваквата активност преку социјалните мрежи ја објави градоначалникот Иван Гоцевски:

Денес пристигна вредна донација од општествено одговорни компании – садници кои ќе бидат засадени низ градот со цел разубавување на јавните површини и создавање поубава и поздрава животна средина за сите граѓани.

Упатувам искрена благодарност до пријателите на Општина Делчево и до сите делчевчани кои секогаш се тука, со конкретни дела да придонесат за развојот, уредувањето и модернизацијата на нашиот град. Заедно градиме поубаво Делчево.”

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

-напиша Иван Гоцевски- Градоначалник на Делчево.

Инаку еден од клучните проекти за реализација на Градоначалникот Гоцевски во неговата предизборна програма со која ја доби довербата на граѓаните на Делчево со огромна поддршка е реализацијата на проектот за развој на “Зелен катастар” и подигање на институционалното ниво во заштитата на животната средина на територија на општина Делчево.

За авторот на оваа објава