ноември 4, 2026

ТИРЗ Делчево преминува во општинска надлежност. Конечно се отвара простор за реализација на најавите за инвестиции во зоната

731023074_1271617628175620_3547668669928472056_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

Во изминатите 20-тина месец постоеше огромен интерес за инвестирање во ТИРЗ Делчево. Но ограничувањата кои во себе ги содржеше програмта за работа со Технолошко-индустриски развојни зони оневозможуваа имплементација на помали развојни бизнис планови за чија реализација постоеше интерес од помали стопснски субјекти.

Имајки ја предвид ваквата ситуација актуелниот градоначалник на општина Делчево уште пред да дојде на позицијата имаше постојани контакти со таквите заинтересирани правни субјекти со кои се одржуваа контактите се со цел за да се најде модалитет за нивните иницијативи и развојни планови да добијат свој епилог.

Во изминатите неколку месеци откако дојде на позицијата Градоначалник на општина Делчево Иван Гоцевски ги интензивираше ваквите контакти со приватните стопанственици за што веќе е создадено високо ниво на доверба и соработка. Истовремено градоначалникот Гоцевски беше во постојани контакти и комуникација со владините институции од највисоко ниво преку раководството на Дирекцијата за ТИРЗ па се до институциите надлежни за обезбедување на енергетска, телекомуникациска, водоводна и канализациона мрежа за ТИРЗ Делчево.

Веќе е во напредна фаа процесот за трансформација на ТИРЗ Делчево да премине под надлежност на општина Делчево со што најавите за инвестиции многу полесно ќе може да се реализираат од законски аспект.

За таа цел градоначалникот Гоцевски повторно беше присутен на кооординативен состанок на сите надлежни субјекти во дирекцијата за ТИРЗ од каде што произлегоа конкретни понатамошни чекори за операционализација на овие планови.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

“Технолошко-индустрискатата развојна зонa во Делчево, ќе се трансформира во индустриска зона и ќе биде под надлежност на општината. Ова меѓу другото е дел од Законот за индустриски зони-зелени зони и тема на денешниот консултативен состанок со директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски кој го одржавме денеска во Скопје.

На состанокот беа образложени законските прописи, текот на трансформацијата и чекорите кои треба да ги преземе општината за трансформацијата на зоната.

Ова решение отвора нова перпектива на зоната во Делчево која е скоро 15 години нефункционална.

Според мене, со оваа транформација Општината ќе има поголема контрола врз земјиштето и развојот на зоната и наместо само да чекаме големи странски фабрики, зоната може да се нуди на домашни компании, мали и средни бизниси, магацини, лесна индустрија и сл. Сметам дека на овој начин може побрзо да се активира просторот, а од друга страна општината би добивала приходи од комуналии, закупнини и сл.

Очекувам по преземањето на соодветните административни чекори согласно со законските одредби, да испишеме нова страница од локалниот економски развој на Делчево. Зоната во Делчево има одлична локација со површина од 20, 83 хектари и овде има 8 градежни парцели за капацитети од лесна незагадувачка индустрија.

Инаку, со Законот, се опфатени и технолошко-индустриските развојни зони во Виница, Берово, Ранковци, Радовиш,Кичево и Кратово”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со овие активности

За авторот на оваа објава