Најава за одржување на 12 редовна седница на Советот на општина Делчево
Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. Гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 , 1/2021, 84/2020 и 202/24), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 19 .06.2026 година, донесe
РЕШЕНИЕ
засвикување на 12. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
-Усвојување на Записник од 10.седница
-Усвојување на Записник од 11.седница
1.Предлог-Статут за изменување на Статутот на Општина Делчево;
2.Предлог-Одлука за промена на седиштето на Општина Делчево;
3.Предлог-Одлука за изменување на Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Делчево и Општина Македонска Каменица;
4.Предлог-Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Делчево;
5.Предлог-Решение за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природна непогода-голомразица на територијата на Општина Делчево во месец мај 2026 година;
Образлагач: Ивана Ивановска-Раководител на Одделението за правни и општи работи
6.Годишен план за вработување за 2027 година на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево со Предлог-Одлука за давање согласност;
Образлагач: Димитар Видимлиски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.
7.Предлог-Одлука за финансиска поддршка на КУД „Гоце Делчев„-Делчево;
8.Предлог Одлука за парична помош по барање бр.09–2092/1 од 09.06.2026 година;
9.Предлог Одлуказа парична помош по Барање 09–2195/1 од 19.06.2026 година;
Oбразлагач: Николчо Стојменовски-Претседател на Советот на Општина Делчево.
- Предлог-Одлука за давање на согласност за отуѓување и предавање на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на електронски отпад;
Образлагач: Кристина С.Цинцовски-Советник за ЛЕР.
- Предлог-Програма за измена и дополнување на Програма за култура на Општина Делчево за 2026 година;;
Образлагач: Даниела Такева, Советкик за односи со јавност.
- Прашања и предлози на членови на Совет.
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
