ноември 4, 2026

Анализа: Потребата од воспоставување функционална автобуска станица во Делчево и модел за нејзино одржливо работење

avtobuska1
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

Делчево повеќе од две децении се соочува со еден инфраструктурен и урбанистички недостаток кој директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните, локалниот економски развој и перспективите за развој на туризмот – нефункционирањето на автобуската станица.

Поранешната автобуска станица, која се наоѓа на атрактивна локација во централното градско подрачје, по процесот на приватизација престана да ја извршува својата основна функција. Наместо да остане транспортен центар од јавен интерес, објектот постепено почна да пропаѓа, а денес се нуди под наем со можност за пренамена во сосема друга дејност. Ваквата состојба отвора сериозно прашање: дали Делчево може да ги реализира своите развојни и туристички амбиции без современ и функционален јавен транспортен јазол?

Автобуската станица како јавен интерес

Автобуската станица не претставува само објект за продажба на билети и чекање на автобуси. Таа е транспортен, економски и комуникациски центар кој овозможува поврзување на граѓаните со останатите градови во државата и регионот.

Нејзиното отсуство создава повеќе негативни последици:

1. Намалена мобилност на населението

Голем број граѓани на Делчево зависат од јавниот превоз за:

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace
  • патување до работно место;
  • образование;
  • здравствени услуги;
  • административни услуги;
  • секојдневни деловни активности.

Недостигот од организирана автобуска станица ги намалува квалитетот и сигурноста на овие услуги.

2. Негативно влијание врз младите

Учениците и студентите кои патуваат кон Кочани, Штип, Скопје и други градови се принудени да користат импровизирани постојки без соодветни услови за чекање, информации и безбедност.

3. Намалување на економската активност

Современите градови се развиваат преку добра транспортна поврзаност. Недостатокот на функционална автобуска станица:

  • ги намалува можностите за нови инвестиции;
  • го отежнува пристапот до работна сила;
  • го намалува бројот на деловни посетители;
  • ја намалува конкурентноста на локалната економија.

4. Лош квалитет на локален и регионален јавен превоз како причина за лош животен стандард на делчевчани и оние кои го посетуваат Делчево и во крајна линија причина за “купување билети во еден правец”

Лошиот животен стандард на граѓаните во рамки на една територија не се дефинира само и единствено врз основа на економската моќ. За ложиот животен стандард придонесуваат тредица на причини кои што не се статични туку особено динамични со тенденција за мултипликација на нивнот деградирачко-негативно дејство врз животниот стандард на граѓаните кои живеат на тој животен простор.

Причините се редат речиси до бескрај а нивниот интензитет варира согласно актуелните текови, но константни се поразителните ефекти кои предизвикуваа ЕВАКУАЦИЈА на граѓаните од овој животен простор, за што говорат и последните официјални статистички податоци за состојбата со бројот на жители, морталитетот и наталитетот во општина Делчево.

Оваа поразителна состојба треба сите да ги загрижи но најмногу оние кои што се на одговорни државни позиции кои што треба да работат во надминување на ваквата состојба на краткорочен и долгорочен план.

Автобуската станица како важен предуслов за развој на туризмот помеѓу другите важни предуслови

Во програмските определби на Општина Делчево и градоначалникот Иван Гоцевски, туризмот претставува една од стратешките развојни насоки.

Во последнитиот период се вложуваат напори во промоција на можностите за инвестирање на територијата на општина Делчево од страна на приватни правни субјекти и поединци. Градоначалникот Гоцевски со неговиот тим во општината вложуваат сериозни напори во започнување на сериозен циклус за развој на туризмот како суштински и нераскинлив дел од локалниот економски развој во Делчево. Во изминатиот период помалку или повеќе успешно се реализирани повеќе промотивни кампањи и активности за подобрување на видливоста пристапноста и туристичкиот потенцијал на туристичките локалитети кои што се наоѓаат на територијата на општина Делчево.

Веројатно голем дел од локалното населени веќе има слушнато за локалитети како што се

  • Туристички локалитет и планина Голак;
  • Археолошки локалитет и тврдина “Градиште” во село Град,
  • Археолошки локалитет “Ѕвегрско градиште” кај село Ѕвегор,
  • Археолошки локалитет кај село Очипала,
  • Етнолошко-историската музејска постановка “Пијанец” во Спомен домот АСНОМ Делчево
  • Средновековна кула во атарот на село Чифлик,
  • околу 60-тина недоволно истражени могили на територијата на општина Делчево, кастели, средновековни стражарски кули,
  • Пештерата “Коњска дупка” во сео Град, Киселичка пештера во село Киселица, Очипалска пештера кај село Очипала, пештера “Црна скала”
  • Природен локалитет Свети Води во село Тработивиште;
  • природен гео-морфолошки феномен Кукуљето;
  • Илин Камен;
  • Палеонтолошко наоѓалиште кај село Стамер,
  • езеро Сандански, еззеро Петрашевец, езеро Лошана,
  • река Желевица, река Брегалница, река Стрежна,
  • голем број на цркви, манастири, манастирските комплекси и свети места;
  • традиционалното културно наследство на Пијанец;
  • голем број настани, обичаи, верувања, празнувања,
  • инфраструктура за развој на еко и руралниот туризам.

Но, секоја туристичка дестинација има потреба од лесна достапност.

Турист кој нема сопствен автомобил најпрво бара:

  • како да пристигне;
  • каде да добие информации;
  • каде да продолжи кон туристичките локалитети.

Но туризмот во општина Делчево не смее да се базира само на индивидуални туристички посети и аранжмани. Туризммот како гранка за развој е доходовен тогаш кога имаме организиран пристап на масовен туризам кој ќе даде силен финансиски импут за развој а не само да се сведе на спорадични индивидуални иницијативи.

Автобуската станица и организираниот јавен превоз во тој контекст треба да претставува првата туристичка точка на контакт со градот.

Доколку некој ентузијаст кој толку многу сака да се развива туризмот во Делчево договори и организира туристичка тура на организирана група од македонија или страство каде би пристигнале, и од каде и на кој начин би ги посетиле овие туристички потенцијали кои заслужуваат да бидат видени?

Автобуската станица и орбганизираниот јавен превоз на патници и стоки не е само упте еден приватен бизнис. Тоа е суштински белег за визијата, знаењето капацитетите и можностите за развој на една локална заедница.

Во автобуската станица може да се воспостават:

  • туристички информативен пулт;
  • пункт со промотивни материјали;
  • дигитални туристички мапи;
  • информации за локални сместувачки капацитети;
  • информации за локални туристички рути.

Без ваква инфраструктура, туристичкиот потенцијал на Делчево останува во голема мера неискористен.

Урбанистички аспект

Локацијата на поранешната автобуска станица се наоѓа во централното градско јадро поврзана со релативно добра сообраќајна инфраструктура.

Самото пропаѓање на објектот:

  • создава негативна визуелна слика како за самите жители така и за можните посетители;
  • го намалува квалитетот на урбаното живеење, допринесува за стрес, нерзвоза и себенегација и понижување;
  • претставува нефункционално искористување на вредно градско земјиште во центарот на Делчево кое наместо да се развива со оглед на порано доделената јавна улога е препуштено на забот на времето.

Функционална автобуска станица би придонела за ревитализација на овој простор и би создала дополнителна економска активност во непосредната околина која има тенденција забрзано да се развива.

Како да се воспостави одржливо работење?

Најголемиот предизвик не е изградбата на автобуска станица, туку нејзината долгорочна финансиска одржливост.

Модел 1: Јавно-приватно партнерство

Најреалниот модел е воспоставување јавно-приватно партнерство помеѓу:

  • Општина Делчево;
  • приватен инвеститор;
  • автобуски превозници.

Во овој модел општината обезбедува урбанистичка поддршка и јавен интерес, додека приватниот партнер инвестира во објектот и управувањето.

Модел 2: Мултифункционален транспортен центар

Современите автобуски станици ретко опстануваат само од продажба на билети.

Потребно е објектот да содржи:

  • деловни простории;
  • кафетерија;
  • маркет;
  • сувенирница;
  • туристички инфо центар;
  • канцеларии за услуги;
  • простор за локални производители.

Со тоа се создаваат дополнителни приходи кои ја поддржуваат основната транспортна функција.

Модел 3: Регионален транспортен центар

Делчево може да се позиционира како транспортна точка за:

  • Пијанец;
  • Малешевијата;
  • Македонска Каменица;
  • Пехчево;
  • граничниот премин Делчево – Бугарија.

Со тоа би се зголемил бројот на патници и економската оправданост на објектот.

Модел 4: Интеграција со туризмот

Во рамки на автобуската станица може да функционира:

  • туристички информативен центар;
  • продажба на туристички пакети;
  • организирани превози до туристички локалитети;
  • изнајмување велосипеди;
  • промоција на локални настани.

Ова создава дополнителни приходи и ја поврзува транспортната инфраструктура со туристичкиот развој.

Наместо закучок

Воспоставувањето функционална автобуска станица во Делчево не треба да се гледа како обичен инфраструктурен проект, туку како стратешка инвестиција во идниот развој на градот. Таа е предуслов за подобра мобилност на граѓаните, поддршка на локалната економија, привлекување туристи и создавање позитивен урбан имиџ.

Доколку Општина Делчево успее да најде модел што ќе ги спои јавниот интерес, приватниот капитал и потребите на транспортниот сектор, автобуската станица може повторно да стане еден од клучните двигатели на локалниот развој и симбол на модерно, поврзано и туристички привлечно Делчево.

За локалниот економски развој во Делчево да добие нова сила потребно е практикување на динамичен интерсекторски пристап каде секој чинител ќе има своја важна и одговорна улога за да на крајот на тој процес можеме да кажеме дека сме направиле нешто поразлично од депримирачкото минато кое не доведе до ваквиот стадиум на рудиментираност и дезорганизираност.

За авторот на оваа објава