Стари лектири во Делчево од 1953–1954 година беа дел од конкурс на ЈЛБ “Илинден” Делчево
Во рамки на пригоден конкурс организиран од ЈЛБ “Илинден” Делчево граѓаните на Делчево покажаа дека читањето на литература има долга традиција во нашиот град.
Денеска во мултифункционалниот центар на општина Делчево беше завршниот настан за прогласување на побединиците на конкурсот за пријавување на најстара лектира која што ја имаат во сопственост граѓаните на Делчево.
ЌСо големо задоволство ја споделуваме завршницата на конкурсот „Најстаро издание на лектира“, кој уште еднаш покажа дека книгите не се само страници, туку спомени, историја и богатство што се пренесува од генерација на генерација.
Библиотеката им додели подарок книга на сите учесници во конкурсот, во знак на признание за нивниот ентузијазам, љубов кон книгата и желбата да го зачуваат книжевното наследство. Посебно им честитаме на трите учесници кои ги поседуваат најстарите изданија на лектири и кои беа наградени за своите вредни примероци.
Првото место е за Анита Петровска чија лектира е од 1953 година,второрто место за Сашко Јовановски чија лектира со која учествуваше на конкурсот е со издание од 1954 година. Третото место е за Сања Даневска, нејзината лектира е од 1963 година .
Им благодариме на сите 13 учесници меѓу кои и четири деца, што беа дел од овој прекрасен конкурс и што ни покажаа дека старите лектири имаат непроценлива вредност – не само поради годините што ги носат, туку и поради приказните што ги чуваат.
Кога ја чуваме книгата, ја чуваме и нашата култура, историја и идентитет.
Посакуваме конкурсот да стане убава традиција, а секоја стара лектира што ќе ја пронајдете да биде уште еден мост меѓу минатото и новите генерации читатели.”
-напишаа на социјалните мрежи од ЈЛБ “Илинден” Делчево во врска со денешниот настан.
