ноември 4, 2026

Гоцевски: Општина Делчево успешно го привршува процесот за легализација на дивоградби, потребен за предвидливо планирање за развој на јавната унфраструктура

750229712_2215017159349125_8316356220264427875_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски ги повика сите граѓани кои што се уште имаат во постапка на легализација свои предмети, да ја посетат општината Делчево и надлежните служби за да се информираат до каде е нивниот предмет и да постапат според насоките на вработените и стручните лица во Секторот за урбнанизам, затита на животната средина, комунални дејности и ЛЕР кои се надлежни за спроведување на процесот.

Процесот за легализација на дивоградбте започна пред повеќе од 15 години а оваа година рокот за легализација на дивоградбите беше продолжен за уште 5 години до 2031 година.

Со овој процес со стекнување на легален статус на дивоградби беа легализиран голем број на нелегални објекти на територијата на оптина Делчево со што по долги години семејствата добија на имотен лист објекти за да може истите да ги валоризираат и понатаму да ги внесат во правен промет во општествените процеси согласно нивните потреби.

“Почитувани, како одговорни граѓани на нашата општина Делчево потребно е успешно да привршуваме со процесот за легализација на дивоградбите кој што започна пред повеќе од 15 години.

Иако законски рокот е пролонгиран за уште 5 години, работните обврски и развојни планови на нашата општина налагаат што побрзо да го привршиме овој процес. Од успешното легализирање на дивоградбите и доделување на правен статус и нивно впишување во Агенцијата за катастар зависат сите развојни планови на општина Делчево, пред се во делот на изградба на квалитетни и современи улици, водовод и канализација и останата јавна инфраструктура.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Затоа апелирам кон сите граѓани кои што имаат започнато а немаат завршено со процесот за легализација на своите дивоградби да ги посетат службите во општина Делчево, секој работен ден да се заинтересираат до каде е нивниот предмет и заедно да го завршиме истиот на најдобар можен начин во интерес на сите граѓани.

Легалниот имот значи сигурна иднина за граѓаните и предвидлив развој на јавната инфраструктура. Така сите граѓани ќе може да добијат квалитетна услуга од локалните институции во ингеренции на општина Делчево.

Доколку барањата не бидат навремено дополнети со потребната документација или не се исполнат законските обврски, истите ќе бидат одбиени согласно законските одредби.

Ви благодарам,”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски во врска со оваа постапка.

За авторот на оваа објава