ноември 4, 2026

Современи филмски остварувања од реномиран дистрибутер дел од “Зимска приказна во Делчево”

598338147_1441362991322881_3310622462848088631_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

НУЦК „Никола Јонков Вапцаров” Делчево воспостави соработка со нова дистрибутерска куќа за дистрибуција на современи и атрактивни филмски остварувања, кои што во наредниот период ќе ги емитуваме во Градското кино во Делчево.

Серијалот го започнуваме со филмскиот хит „Дивиот Дијамант” кој што зборува и прикажува една особено актуелна тема која се однесува на сите нас како општество.

-Лиан, 19, живее со својата мајка и сестра во Фрежус, на југот на Франција. Обземена од аспирациите за убавина и слава, таа се пријавува на аудиции за реално шоу наречено „Остров на чудата“.

На кој начин таа ќе се носи со предизвиците на нејзината потрага по слава, може да проследиме во Градското кино во Делчево во Среда, 17.12.2025 година со почеток во 18.00 часот.

Влезници за кино проекцијата може да се набават по цена од 150 денари во канцелариите на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров” Делчево во Спомен домот АСНОМ во Делчево како и на билетарницата во киното пред почетокот на проекцијата на филмот.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава