
Спектакуларна новогодишна претстава за најмaлите дечиња од нашиот град.
„Мечето Панда и Дедо Мраз” е наш подарок за сите љубители на театарската магија во Делчево, за внесување на вистинската новогодишна магија во срцата на делчевчани.
Во салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево со почеток во 11.00 часот за првата претстава и со почеток во 12.00 часот за втората претстава, ќе блесне театарската магија во вистински предновогодишен сјај со врвните Македонски детски актери Ема Давчева, Магдалена Ризова- Черних и Сашо Ристовски.
Оваа театарска претстава НУЦК„Никола Јонков Вапцаров” — Делчево ја реализира во рамки на „Зимска приказна во Делчево” заедно со редица на други програмски содржини кои произлегуваат од нашето богато портфолио.
Извор: НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево
