ноември 5, 2026

Денес најмалите дечиња од Делчево ја закитија новогодишната елка со своите креации

597722696_1531550195308789_7089421976034902005_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Зимската приказна во Делчево продолжува.

Денеска во градскиот парк кај убавата голема новогодишна елка, ЈЛБ„Илинден“-Делчево и дечињата од детската градинка „Весели цветови“ 5 и 6 години,со директорката Виолета Гиздовска и нивните воспитувачки и негователки, со песна и оро го повикавме Дедо Мраз.

Дечињата пред големата и убава новогодишна елка ги поздрави и градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски.

Заедно ја направиме предновогодишната атмосфера во градот, уште поубава и побајковита.

Пеевме, игравме, со смеа и радост полека ја испраќаме оваа година и да го чекаме Дедо Мраз да ни дојде на карајот од месецот.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Благодарност до детската градинка „Весели цветови“ за соработката и организацијата.

Во рамки на зимската приказна во Делчево, се дружиме и утре од 10,30 до 11,30 часот.

За авторот на оваа објава