Соработката на Градоначалникот Гоцевски е на врвно ниво со граѓанските организации: средба Гоцевски-Саити
Во рамки на неговите програмски определби градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски остварува редовен контакт но и суштинска и континуирана соработка со невладиниот сектор и граѓанските организации.
Во рамки на таа плодотворна соработка во изминатите месеци покренати се сериозни проекти кои што имаат за цел подобрување на капацитетот на самите организации кои што работат на ериторијата на општина Делчево но во крајна линија значат подобрување на стандардот за живот во Делчево преку подобрување на граѓанскиот капацитет на локалната заедница.
Во текот на вчерашниот ден Градоначалникот Гоцевски во неговиот кабинет се сретна со генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија д‑р Сааит Саити. Во рамки на средбата беа афирмирани досегашната соработка и постигнати резултати од обостран интерес на општина Длечево и организацијата на Црвен Крст. Посебно беше истакната одличната соработка која што општина Длечево во континуитет ја има со Општинскаа организација на Црвениот Крст во Длечево со години наназад а која ќе се унапредува тековно но и во иднина.
Средбата се реализираше како дел од активностите на манифестацијата за одбележување на 30 годишнината од воспоставување на проектот за Хумани Вредности која што се организираше од страна на Црвен Крст во соработка со општина Делчево.
“Во пресрет на големиот настан за прослава на големиот јубилеј, 30 години од реализацијата на проектот за Хумани вредности (ЦКА-ПХВ) која претставува една од најзначајните младински програми на Црвениот крст на Македонија, но и доделување на освоените 6 први награди, 6 сонца за волонтерите од ОО на Црвениот крст Делчево, ми претставуваше посебна чест што денеска во мојот кабинет остварив продуктивна средба со генералниот секретар на Црвен крст Македонија, д‑р Саит Саити.
На средбата разговаравме за досегашната соработка меѓу Општина Делчево и Црвениот крст на Македонија, како и за можностите за унапредување на соработката и за идни заеднички активности во насока на поддршка на ранливите категории, но и поддршка на младинскиот волонтеризам, младинските иницијативи.
Воедно, во знак на благодарност за несебичната помош на Делчево кога на Делчево му беше најтешко, во мое лично име и во име на Општина Делчево, со посебна чест и благодарност му доделив Благодарница на генералниот секретар Саити за одличната соработка и поддршка.
Сакам да истакнам дека како одговорна локална власт градиме парнтерство со Црвениот крст на Македонија. Ја цениме важноста на хуманата мисија на Црвениот крст и даваме поддршка на сите активности.
Само со заедничка тимска работа се решаваат предизвиците.
Работиме за доброто на сите граѓани и го слушаме гласот на младите.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Иван Гоцевски во врска со оваа средба.
