
И во измината 2025 година, ЈЛБ„Илинден“, преку својата веб – страница, facebook страната, порталот Делчево365.мк. и други медиуми, редовно ги информираше своите читатели и сите граѓани, за сите свои активности, настани и случувања. Во годината што изминува бибкиотеката реализираше 81 активности, дел што традиционално ги реализира секоја година, но и нови, кои се реализираат за прв пат.
Меѓу сите, би ги издвоиле посетата на амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија , Петра Дрекслер,која ја посети нашата библиотека и подарокот што библиоитеката го доби од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, примероци од седумтомната книга „Слова за Словото“.
Заклучно со 15.12.2025 годинина, ЈЛБ„Илинден“, потрошила вкупно 40.000 денари за книги и 99.000 денари за книги, сретства од проект финансиран од Министерството за култура и туризам. Набавивме скоро се, што оваа година беше ново, интересно и барано од страна на нашите членови, од скоро сите издавачки куќи. За 2026 година за книги се планирани 53.808,00 денари и повторно чекаме одобрени сретства од Министерството,преку проект.
Завршно со 15 декември 2025 г. ЈЛБ„Илинден“, во COBISS системот има внесено 49 791 книга.
Особено не радува тоа што во годината што изминува, огромен број на дечиња поминаа низ библиотеката, да изнајмат книга но и да бидат дел од многу работилници, активности и настани.Нивната радост и насмевки кога се во библиотеката е најсилната мотивација и во новата 2026 година да продолжиме да работиме стрпливо и неуморно.
Поголем дел од активностите во следната година,ќе се фокусираат на роднокрајното одделение, дигитализацијата како процес на кој мораме да се приклучиме, и маркетинг на целокупната работа на библиотеката за да ги привлечеме граѓаните да доаѓаат во библиотеката, со оглед на тоа што електронското читање зема се поголем замав.
