Избрани се најуспешните за манифестацијата “Спортист на годината”, прогласувањето на јавен настан денеска во Спомен домот АСНОМ во Делчево

zajdisonce_spomen_dom_reka_bregalnica
Сподели

Денеска во салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево во рамки на настаните кои што се дел од новогодишната програма “Зимска приказна во Делчево 2025–2026” за првпат во нашата општина ќе се реачизира манифестацијата “Спортист на годината”.

За таа цел општина Делчево спроведе јавен повик за доделување награди и признанија за изборот на млад надежен спортист, спортисти, тренер и спортска екипа во Општина Делчево, за 2025 згодина во повеќе категории.

Во рамки на овој повик за најдобра спортска екипа номинирани беа:

  • Кошаркарски клуб ПАТРИОТ 2016 Делчево
  • Кик-боксинг клуб АС Делчево
  • ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ ГОЛАК-Делчево
  • Училишен спортски клуб КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ДЕЛЧЕВО Делчево

На повикот исто така за најдобар спортски тренер беа номинирани следните:

  • Мери Арсениевска
  • Љупчо Стојчевски
  • Љупчо Петровски- Кубски

Во категоријата млад надежен спортист беа номинирани

  • Давид Златковски од ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ ГОЛАК-Делчево
  • Бојана Ѓеорѓиевска (ракомет)
  • Мартин Спасевски (велосипедизам)
  • Андреј Митков од Кик-боксинг клуб АС Делчево
  • Сара Ангелова од Кошаркарски клуб ПАТРИОТ 2016 Делчево
  • Ана Стоименова од Кошаркарски клуб ПАТРИОТ 2016 Делчево

Во главната категорија за Спортист на годината се номинирани сл. спортисти:

  • Љупчо Чучуковски од ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ ГОЛАК-Делчево
  • Павел Стојчевски од Кик-боксинг клуб АС Делчево
  • Ана Ангеловска од Кошаркарски клуб ПАТРИОТ 2016 Делчево
  • Ивана Арсениевска

По извршената селекција веќе се избрани најдобрите за овие категории а конечните резултати ќе го објави Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски на јавниот настан кој е закажан за да се одржи денеска Понеделник, 29.11.2025 година со почеток во 17.00 часот во Спомен домот АСНОМ во Делчево.

Оваа манифестација Спортист на годината се реализира за првпат како дел од предизборната програма на градоначалникот Иван Гоцевски со која пред неполни 3 месеци ја доби довербата на граѓаните на општина Длечево.

За авторот на оваа објава