ноември 4, 2026

Продлабочена меѓународната позиција на Делчево: Маморандум за соработка со Чешко-македонската асоцијација за трговија

820251016_1760935425144175_1921489331497300847_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Денеска во Прага, Чешка Република Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски потпиша значаен документ- Меморандум за соработка со Чешко-македонската асоцијација за трговија.

Станува збор за една од трите главни програмски определби на градоначалникот Гоцевски за значително подигање на нивото на меѓународна соработка на општина Делчево со крајна цел подобрување на бизнис можностите и подобрувањето на стандардот за живот во Делчево.

“Делчево мора да биде отворено кон нови идеи, нови партнери и нови инвеститори. Како градоначалник, моја обврска е да ги барам и да ги отворам можностите што можат да донесат развој, посилна локална економија и подобра перспектива за нашите граѓани.

Со таа цел, денеска во Прага, Чешка, потпишав Меморандум за соработка меѓу Општина Делчево и Чешко-македонската асоцијација за трговија, заедно со претседателката Љиљана Јовановски Асенов. Со овој документ поставувам основа за долгорочно партнерство насочено кон економскиот развој, инвестициите, трговските односи, туризмот, претприемништвото и иновациите.

Во ова партнерство гледам можност Делчево и поширокиот регион да бидат претставени пред нови деловни партнери како простор со потенцијал за инвестирање и реализација на развојни проекти. Ќе се залагам за препознавање и промоција на соодветни инвестициски локации, подготовка на проектни предлози и воспоставување контакти со компании и инвеститори кои можат да најдат свој интерес во нашата општина.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Посебно значење за мене има поддршката на локалните мали и средни претпријатија. Преку оваа соработка се отвора можност за нивно поврзување со чешки и европски деловни партнери, размена на искуства и воспоставување нови трговски односи. Сакам нашите претприемачи да имаат повеќе можности да ги претстават своите производи, услуги и идеи и да воспостават контакти што можат да придонесат за раст на нивните бизниси.

Меморандумот предвидува и поддршка на инфраструктурни и други развојни проекти кои придонесуваат за економскиот и туристичкиот развој на регионот. Значаен простор за соработка има во туризмот, хотелиерството, гастрономијата, спортот и рекреативните активности. Верувам дека природните убавини, културното наследство и локалната понуда на Делчево заслужуваат поголема видливост во Чешка и во други земји.

Особено важна ја сметам можноста за заедничка подготовка на проекти за финансирање преку европски, национални, регионални и други достапни фондови и програми. Ќе работам потребите и потенцијалите на нашата општина да бидат преточени во квалитетни проектни предлози, со кои ќе може да се бара поддршка за нивна реализација.

Соработката ги опфаќа и иновациите, дигитализацијата, енергетиката, зелените технологии, земјоделството и одржливиот развој. Во овие области гледам можности за примена на нови знаења и решенија, како и за размена на добри практики меѓу институциите, компаниите и експертите од двете земји. Дополнително, предвидена е поддршка на културни, образовни и општествени активности кои ќе ги продлабочуваат чешко-македонските односи.

За ова партнерство да се развива во практика, предвидени се деловни средби, бизнис-мисии, конференции, презентации, саеми и работни состаноци. Соработката отвора простор и за вклучување други општини, институции, стопански комори, асоцијации, универзитети и приватниот сектор. Преку редовна комуникација, размена на информации и промоција на заедничките активности, ќе се работи на препознавање конкретни можности и заинтересирани партнери.

Како градоначалник, ќе се погрижам Општината да определи контакт-лице за координација, како што е предвидено за двете страни, за иницијативите да имаат јасна комуникација и организирано следење.

Меморандумот е склучен на неопределено време и претставува рамка за долгорочна соработка. Конкретните услови, обврски и финансирањето на одделни проекти ќе се уредуваат со посебни договори. Самото потпишување не создава финансиски обврски за проектите, туку ја поставува основата за нивна понатамошна подготовка и договарање.

Благодарам на претседателката Љиљана Јовановски Асенов и на Чешко-македонската асоцијација за трговија за подготвеноста за ова партнерство. Мојата цел е од него да произлезат конкретни придобивки за Делчево, поддршка за нашите компании и повеќе можности за нашите граѓани. Сакам нашите млади да гледаат иднина во својот град и ќе работам секое ново партнерство да придонесува кон таа цел.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски во врска со овој значаен чин.

За авторот на оваа објава