ноември 4, 2026

Поткастрување на дрвјата на делчевското корзо. Градоначалникот Гоцевски најавува засадување на ннови дрвни насади

720377725_1602208458570643_9166224470389575234_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градот Делчево за сите оние што го посетиле во минатото оставил впечаток на убава и облагородена со природна вегетација животна средина. Урбаниот простор во Делчево изобилува со зелени површини, паркови, места за рекреација, преубаво уредено речно корито на реката Брегалница, голем број на нискостеблести и високостеблести дрвја…

Со оваа зелена инфраструктура Делчево е високо-хуман животен простор кој по многу нешта предничи од поголемите урбани центри во државата.

Поради присуството на високостеблеста вегетација делчевчани имаат поинакви проблеми од оние на поголемите урбани центри кај кои недостасув градско зеленило. Делчево и делчевчани имаат проблеми со алергии кои што се појавуваат во овој период од годината поради масовното цветање на крошните на дрвјата од различен вид.

Затоа општинскит власти практикуваат една поинаква пракса на поткастрување на ниските гранки на дрвјата на пешачките зони- таму каде што поминуват граѓаните во текот на денот.

Делчево во минатото било наделеку познато по своето корзо по централниот булевар каде масовно граѓаните на Делчево излегувале да прошетаат и да се извидат и да бидат видени.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace
Панорама на дел од Делчево

Оваа пракса во поново време повторно почнува да заживува помеѓу делчевчани кои што шетаат и рекреираат по поешачките зони во централното градско подрачје во попладневните часови. На овој чаршиски шмек на градот се придодава и богатата кулинарска понуда во делчевските кафеани и ресоторани што го чинат Делчево примамливо место за посета и од околните места.

Потврда за ваквите тези доаѓа од соседна Бугарија од каде со автобуси доаѓаат граѓани за да бидат дел од оваа убава приказна која Делчево ја нуди.

Под раководство на новиот командир на ТППЕ Делчево оваа единица врши периодични интервенции секаде каде што е потребно, за обезбедување поблагопријатни услови за живот во Длечево а овојпат нивниот ангажман се однесува на поткастрување на ниските гранки на големиот број дрвја кои се наоѓаат во пешачки зони.

На оваа состојба градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски најавува оплеменување на нови зелени површини во градот како и подогање на нови дрвни насади во урбаното зеленило.

“На предлог на голем број граѓани, особено оние “чаршиски” луѓе кои што се уште го живеат времето на старото добро познато Корзо во Делчево, надлежните служби во ТППЕ Делчево презедоа иницијатива за поткастрување на крошните на дрвјата кои што со своите гранки предизвикуваат проблеми за самите граѓани.

Оваа активност покрај овозможување на подобра пешачка гравитација под крошните на дрвјата е особено важна затоа што цветот и поленот од овие дрвја предизвикува и алергии кај одредени граѓани во овој период од годината.

Центарот на Делчево изобилува со голем број на високо-стеблести растенија, но наша определба е тој број постојано да го зголемуваме”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски.

За авторот на оваа објава