После подолго време, општина Делчево организирано започна расчистување на вегетацијата покрај локалните сообраќајници
Прегледноста на локалните патишта во Делчево има големо влијание врз безедноста во сообраќајот. Од тие причини а по барање на жителите на руралните населени места особено оние кои што секојдневно гравитираат по овие локални патишта, механизирана екипа со соодветна механизација започна со кастрење и расчистување на вегетацијата на приоритетните делници во Делчево.
Ваквата активност е согласно годишната програма на градоначалникот Иван Гоцевски кој во врска со оваа активност упати свое кратко соопштение во јавноста:
“Деновиве се врши кастрење и расчистување на повеќе локални патишта за кои претходно месните заедници имаа поднесено барање.
Ваквата активност во иднина ќе биде редовна пракса насекаде на територијата на Општина Делчево.
Значително ги менуваме условите и безбедноста на локалните патишта.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски-Градоначалник на Делчево.
