ноември 4, 2026

Младински камп на волонтери од шест општини во Делчево со поддршка од Градоначалникот Гоцевски

782730176_2553617061753144_6848473587053408816_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Со волонтери-активисти од 6 општини во вкупен број од 28 млади луѓе во просториите и во дворот на подрачното општинско училиште “Св, Климент Охридски” во село Вирче, Општина Делчево се реализира тридневен младински камп за едукација на млади волонтери.

Општинската Организација на Црвениот Крст од Делчево заедно со Клубот на млади како организатори ја имаат честа да бидат домаќини на младите луѓе од општините кои зедоа учество во овој камп, под чиј менаџмент се реализираат сите активности.

Главен покровител на настанот е Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски а како спонзори во поддршка на активностите на младите и кампот се вклучија и повеќе приватни компании од Делечво.

Градоначалникот Гоцевски упати своја порака во јавноста во врска со овој настан со поддршка на вакви слични активности во иднина

“Оваа година Општинската организација на Црвениот крст – Делчево организира тридневен едукативен младински камп, кој со особено задоволство Општина Делчево го поддржува преку нашиот меморандум за соработка.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

На кампот учествуваат 28 млади од повеќе градови низ Македонија – млади луѓе полни со енергија, идеи, знаење и желба за нови искуства и пријателства.

Како градоначалник, верувам дека поддршката за младите е инвестиција во иднината на нашата општина и нашата држава. Тие се нашата инспирација, нашата радост и нашата најголема надеж.

Затоа ќе продолжиме да ги поддржуваме младинските иницијативи, да создаваме можности за нивно учење, дружење и развој и да им покажуваме дека секоја нивна идеја и иницијатива имаат наше внимание и поддршка.

На сите учесници им посакувам прекрасни три дена исполнети со дружење, нови знаења, позитивна енергија и убави спомени.

Младите се нашата иднина, но и нашата најубава сегашност.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски во врска со тридневниот камп на младите од Црвениот Крст.

За авторот на оваа објава