ноември 4, 2026

Подобрување на условите за дневен престој и активности на дечињата во ОЈУДГ “Весели Цветови” Делчево

829383420_2437692493425235_4287740488363535088_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски денеска беше на посета во детската градинка во Делчево каде што се запозна со тековните работи за подобрување на условите за дневен престој и активности на дечињата и вработените во оваа јавн детска установа.

“При посетата на детската градинка имавме можност да ги разгледаме реализираните промени и подобрувања кои придонесуваат за поквалитетни услови за престој, игра и развој на нашите деца.

Упатуваме искрени пофалби и благодарност до директорката и сите вработени за посветеното работење, вложениот труд и секојдневната грижа за најмладите. Секоја позитивна промена е значајна и заслужува признание и поддршка.

Посебна јавна благодарност до сите општествено одговорни правни и физички лица кои со својата помош и донации придонесуваат за подобри услови во градинката. Вашата поддршка е вреден пример за грижа кон децата и заедницата.

Заедно создаваме поубаво и посреќно детство за нашите најмлади!”

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски.

За авторот на оваа објава