ноември 4, 2026

Организација “Жена” од Делчево прослави 5 години постоење

788926826_122284722968064590_671796033918520869_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Граѓанската организација “Жена” од Делчево вчера го одбележа своето 5 годишѓно постоење со скромен симболичен чин и роденденска торта.

“Некои приказни не се мерат само со години. Се мерат со луѓето, со истрајноста и со сите оние моменти во кои, и покрај сè, одлучуваме да продолжиме.
Зад нас се 5 години исполнети со предизвици, промени, неизвесности, тешки одлуки и моменти кога не било лесно да се продолжи. Но, еве нè – сè уште тука. Сè уште свои. Сè уште гласни кога треба да се зборува и истрајни кога треба да се делува.
А најголемата причина што опстојуваме се луѓето.
Тимот. Колегите. Прекрасните луѓе со кои секојдневно ја делиме работата, идеите, нервозите, малите победи, големите предизвици и, секако, по некое кафе повеќе.

Организација ЖЕНА не е само име, канцеларија или проекти.
ЖЕНА се луѓето кои веруваат дека нешто може да биде подобро и не се откажуваат од тоа да го направат подобро.
И затоа, денес, кога одбележуваме уште една година од нашата приказна, а најмногу сме горди на едно нешто – што сè уште сме заедно и што сè уште веруваме во она за што работиме.
Среќен ни роденден, ЖЕНА! 

Да ни се множат годините, идеите, луѓето и причините поради кои вреди да продолжиме.
За сè што поминавме. За сè што создадовме. И за сè што допрва ќе направиме – ЗАЕДНО.”

-напишаа цо оцаа пригода на социјалните мрежи од невладината организација “Жена” од Делчево

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава