ноември 16, 2026

ЈЛБ “Илинден” Делчево ги избра најпосветените читатели за тековното лето 2026

chitatelki_resize
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во рамки на мноштвото свои активности јацната локална библиотека “Илинден” Делчево ги избра и афирмираше најпосветените читатели кои што редовно ја посетуваа делчевската библиотека и се дружеа со книжниот фонд со кој располага самата библиотека.

“ЧИТАТЕЛИ НА ЛЕТОТО 2026

Летото е време за одмор, забава, дружење… но и за најубавите патувања – оние што се случуваат меѓу страниците на една книга. И ова лето, како што е наша убава традиција, ЈЛБ „Илинден“ ги избра своите „Читатели на летото 2026“!

Со радост ги издвојуваме оние наши читатели кои летните денови ги збогатија со приказни, авантури, нови знаења и многу прочитани страници. Благодариме што и ова лето библиотеката беше вашето место за средби со книгите, со писателите и со безброј прекрасни светови. Честитки до нашите „Читатели на летото 2026“!

-Давид Јовановски

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

-Марија Георгиевска

-Анита Јовановски

Продолжете да читате, да сонувате и да откривате нови светови… затоа што секој читател има своја приказна, а секоја книга крие ново патување! Ве очекуваме и понатаму во нашата библиотека – со уште повеќе книги, приказни и читателски предизвици!

#ЈЛБИлинден#ЧитателиНаЛето2026#Читај#ЉубовКонКнигата#Библиотека#Делчево”

-напиаа на социјалните мрежи од ЈЛБ “Илинден” Делчево

За авторот на оваа објава