ноември 4, 2026

Обнова на хоризонталната сообраќајна сигнализација, Градоначалникот Гоцевски најавува мерки за подобрување на проточноста на сообраќајот во Делчево

FB_IMG_1781531720666
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Општинската администрација под раководство на Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски воведува нови динамични и меѓусебно синхронизирани мерки за подобрување на јавниот имиџ на општина Делчево.

Во рамки на тековните активности, врз основа на едногодишните и повеќегодишните планови и програми согласно стратешките цели за општ развој, градоначалникот Гоцевски активно презема конкретни чекори за подобрување на функционирањето на јавниот живот во сите сфери. Една од идентификуваните проблематични точки на делување е решавањето на сообраќајниот метеж, неодговорното однесување на возачите и намалување на нивото на стрес и нервоза во сообраќајот.

За таа цел ангажирани екипи работат интензивно на повеќе локации.

Денеска на терен ангажираните екипи работеа на обележување на паркинг местата во центарот на Делчево , со што точно ќе бидат дефинирани овие локации на кои граѓаните може да паркираат. Паркингот во Делчево е бесплатен но неодговорно однесување на поединци допринесува за создавање нервоза за останатите граѓани.

Од кабинетот на градоначалникот најавуваат оваа активност дека ќе се реализира на сите делови на урбано Делчево, а во координација со сообраќајната полиција ќе се направат напори за намалување на дивото паркирање и воведување на поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Истовремено во рамки на оваа нова концепција за подобрување на состојбата со паркирањето Градоначалникот Гоцевски најавува уредување и изградба на нови паркинг места во различни делови од Делчево, со што состојбата со оваа “жешка” тема значително ќе се подобри.

“Подобрувањето на сообраќајната култура во нашиот град е одговорност на секој граѓанин.

Изгледот на јавните површини вклучително и на паркинзите, тротоарите и улиците е главна одлика што од прва ја забележува секој посетител на Делчево по што носи заклучок за нашето гостопримство. Ние како општина имаме за цел да обезбедиме подобри услови за сообраќај, на што активно работиме со изградбата и реконструкцијата на локалните патишта и улици. Но не помалку важно е поставувањето и одржувањето на хоризонталната и вертикалната сигнализација.

Нашите екипи посветено работат на тој план при што главен фокус е обележувањето на предвидените паркинг места. Користењето на паркинг просторите во Делчево мора да биде целосно уредно, за што апелирам на секој возач да се однесува одговорно при паркирањето на сопствените возила.

Делчево има потенцијал да се развива а еден од приоритетите е изградба и уредување на нови паркинг места.”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Гоцевски во врска со овие активности.

За авторот на оваа објава