ноември 5, 2026

Академскиот хор “Мирче Ацев” овој петок ќе блесне со целиот свој раскош у убавина на сцената во Спомен домот АСНОМ Делчево

akademski_hor_mirche_acev
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Националната установа Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево продолжува со убавите изненадувања за делчевската публика.

Во петок на 19 јуни со почеток во 20.30 часот во фоајето во Спомен домот АСНОМ во Делчево љубителите на безвремените музички вредности ќе имаат можност да присуствуваат на уште еден преубав музички настан кој долго ќе се памети.

Академскиот хор “Мирче Ацев” од Скопје ќе се претстават пред делчевската публика со монументална музичка програма која што никого нема да остави рамнодушен.

“ЦЕЛОВЕЧЕРЕН КОНЦЕРТ 

Академски хор „Мирче Ацев“ – Скопје

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Со особена чест Ве покануваме на целовечерниот концерт на еден од најреномираните македонски хорови, Академскиот хор „Мирче Ацев“ – Скопје.

 19.06.2026 (петок)

Спомен Дом АСНОМ – Делчево
20:30 часот
Влез: 200 денари

Најзначајни меѓународни успеси:

 Прва награда – Ланголен, Англија (1962)
Трета награда – Корк, Ирска (1973)
Прва награда – Мидлсбро, Англија (1984)
Два сребрени дипломи – Будимпешта, Унгарија (1997)
Два сребрени дипломи – Линденхолцхаузен, Германија (2005)
Специјална награда за најдобро изведена фолклорна програма – Веспрем, Унгарија (2008)
„Златна значка“ – Меѓународни хорски свечености, Ниш (2012)
Прво место – Виена, Австрија (2024) меѓу повеќе од 1.500 учесници, проследено со концерт во салата на Виенската филхармонија
Настап во Грац, Австрија (2025)

 Вечер исполнета со врвна хорска музика, македонска традиција и незаборавни изведби.

 Резервирајте си место на време – бројот на карти е ограничен!

 Карти може да набавите во просториите на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево и на билетарата во кино салата.”

-стои во соопштението упатено во јавноста од страна на НУЦК “НЈ Вапцаров” Делчево во врска со овој настан.

Од менаџментот на оваа институција од културата во Делчево најавуваат уште многу вакви изненадувања за делчевската публика во периодот кој претстои.

Во продолжение го пренесуваме настапот кој што Академскиот хор “Мирче Ацев” Скопје го имаше пред делчевската публика во 2013 година.

и во 2016 година

А

За авторот на оваа објава