Нови стандарди за развој на Делчево: Бизнис форум со нова енергија и знаење за подобар стандард за живеење
По иницијатива на Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски на крајот на месец април под мотото “Заедно да подадеме рака на развојот” се организира Бизнис форум Делчево 2026 година.
Форумот е една од основните мерки предвидени во програмата за Локален економски развој на општина Делчево на градоначалникот Гоцевски преку кој се планира да се отворат нови перспективи за развој и да се внесе нова енергија и знаење за подобрување на деловната клима во општина Делчево а со тоа и подобрување на стандардот за живот на делчевчани.
На овој Бизнис форум кој што во ваков формат се реализира за првпат од страна на општина Делчево, покрај првичните локални напори кои беа реализирани во 2011 и 2012 година и единечна епизода во 2018 година, сега е предвидено учество на меѓународни бизнис фактори, учесници од националните институции и локалното стопанство со една генерална цел да се идентификуваат можностите за соработка и развој на приватниот сектор со поддршка на институциите.
“Под мотото „Заедно да подадеме рака на развојот“, Општина Делчево организира бизнис-форум кој претставува платформа која обединува идеи, визии и можности за економски напредок на Делчево.
На Бизнис-форумот, покрај претставници од бизнис-секторот од Делчево и регионот, се очекува присуство и на претставници од централната власт и од Македонско-буграската стопанска комора. На Форумот ќе се отворат теми за локалниот економски развој и инвестициските можности на Делчево, за иновациите и дигитализацијата и партнерствата со соседни региони и потенцијалите за извор на локални производи
Целта на организацијата на Бизнис-форумот е да се создаде простор за поврзување, размена на идеи и поттикнување на економскиот равзој, но и да се овозможи дијалог и соработка меѓу бизнис-заедницата, институциите и инвеститорите со цел унапредување на економскиот развој и креирање нови деловни можности.
Бизнис-форумот ќе се одржи на 30 април (четврток) со почеток од 12 ч во салата во Спомен-домот АСНОМ”
-стои во официјалнито соопштение упатено до јавноста од страна на општина Делчево во врска со овој настан.
